Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава

Објавено July 9, 2025 12:42
Сподели
Сподели

Премиерот на Владата Христијан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект од големо национално и регионално значење.

На свечениот настан со кој симболично е означен почетокот на изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Македонија и Грција – свое обраќење имаше претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.

– Денес отпочнуваме со уште една капитална инвестиција за државата. Денес не го поставуваме само почетокот на изградба на еден гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. Она не е само инвестиција во цевки и бетон туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава. Во нејзиниот целокупен економски развој и во најзината просперитетна иднина, изјави Мицкоски.

Премиерот истакна дека преку реализацијата на овој проект како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останатите наши соседи стануваме значајна енергетска крстосница.

– Очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред се за македонските граѓани и домашната економија, потенцира Мицкоски.

Овој стратешки проект се реализира со поддршка на Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на премиерот Мицкоски:

„Ова што денес го правиме не е симболика. Ова е суштинска промена. Ова е доказ дека, кога ќе се фатиме за работа, кога ќе имаме визија и кога ќе владее одговорност- сè може да се направи.

Работиме. Градиме. Создаваме. Не со зборови, туку со дела.

Овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака- конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.

Со овој проект ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Како што кажа и директорот, почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди. Тоа е енергија за раст. Тоа е гориво за економијата. Тоа е безбедност за иднината.

Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе.

Да бидеме искрени- овој проект не е нова идеја. Но, досега остана само како идеја. Иако беше ветувано претходно, никогаш не беше започнат.

Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека се работи со одговорност, истрајност и вистински намери- резултатите стигнуваат.
И ова е само дел од поголемата слика.

Се поврзуваме со гасоводите на соседите. Тоа ќе нè направи регионална енергетска крстосница. Тоа значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци. Тоа значи дека повеќе нема да бидеме на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек.

Зашто тоа е нашата работа- да ја изградиме таа иднина. Ние сме тука да градиме нешто подобро. Ги засукавме ракавите, ја презедовме одговорноста и почнавме да ги поставуваме темелите.

Темели на нови патишта и автопати. Темели на нови инвестиции и индустриски зони. Темели на нови болници и училишта. Темели на нова енергетска архитектура.

Денес, повторно покажуваме дека не стоиме, се движиме. Не чекаме- градиме. Создаваме нови можности. Ги градиме темелите на промените.

Затоа, ова не е крај- ова е почеток на нешто поголемо. Ова е порака до секој инвеститор, до секој граѓанин, до секој млад човек- дека тука, во оваа држава, има простор за развој, за шанса, за стабилност.

Ќе продолжиме да работиме. Ќе продолжиме да градиме. Ќе продолжиме да ја создаваме новата македонска иднина. Затоа што времето што доаѓа не е само слоган. Тоа е реалност што ја правиме заедно.

Да живее трудот и визијата. Да живее иднината која ја градиме со сопствени раце“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Можно евакуирање на населението во реонот на пожарот во Визбегово
Следна Статија Видео од тепачката при приведувањето на сопственикот на запалената депонија во Визбегово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, истакна во Охрид при посетата на „Костал“, вицепремиерот…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото достигна нов рекорд: Банкар од Дојче Банк вели дека тоа е знак дека нешто се крие

Цената на златото на светскиот пазар достигна нов рекорд, што обично се случува кога инвеститорите се исплашени и бараат ново…

September 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот економски поглед на претседателот на ФЕД Џером Пауел беше…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?