Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Прилеп најави две нови економски мерки

Објавено June 25, 2025 23:30
Сподели
Сподели

Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да го смениме. Затоа во наредниот период ќе бидат објавени две мерки, истакна премиерот Христијан Мицкоски вечерва од Прилеп.

–Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 до 20.000 евра при што 20.000 евра се однесуваат на содружници кои се до 29 години. Ова е многу важно за младите претприемачи кои што сакаат да почнат бизнис. На овој начин обезбедуваме поддршка на приватната иницијатива и поттикнуваме што повеќе луѓе ова да го користат. Втората мерка, Вработување и раст на правни субјекти каде предвидуваме да се опфатат 1720 лица, иако како што кажа министерката за финансии досега се отворени нови речиси 15000 работни места, откако оваа Влада е избрана, рече тој.

На овој начин ќе се олесни процесот на вработување и придвижување на процесите.

-Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верба. Но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото. Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда. Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тие темели се почеток на новата ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее, посочи премиерот Мицкоски.

„Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е ден на победа.

Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро“, рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа
Следна Статија Безос ги менува плановите за свадба поради војната на Блискиот Исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните протестираа против изградба на две мали хидроцентрали на Дошница – Не ја чепкајте природата

Реката Дошница, една од најчистите и недопрените реки во Македонија, е пред опасност да биде ставена во цевка. Фирми и…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 40 авто-школи направиле картел при формирање на цените за обука!?

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди, со нови барања и услови коишто не им биле поставени…

March 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?