Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години

Објавено May 28, 2025 13:12
Сподели
Сподели

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата.

Еден од главните приоритети на оваа Влада е зголемување на благосостојбата на граѓаните, намалување на невработеноста и креирање на мерки насочени кон балансиран и ефективен пазар на труд, затоа на последната седница срочивме оперативе план за вработување вреден 40 милиони евра со кои ќе бидат опфатени над 16 илјади наши сограѓани, од кои 12.537 лица во активни мерки за вработување, а 3.520 лица во услуги за вработување. Со овој план се опфаќаат две глави точки, првата е директна поддршка за старт-ап бизниси на млади, втората работа е организиран пристап во сузбивањето на пожари за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините каде ќе има потреба, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво, изјави премиерот.

Рече дека се очекува голема вклученост на млади бидејќи мерките кои биле креирани имале за цел да ја опфатат токму оваа категорија на граѓани.

Како што посочи Мицкоски со оперативниот план за активните програми, мерки за вработување услуги на пазарот на трудот за 2025 година се утврдуваат програмите мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат креирање на нови работни места и зголемување на вработеноста, со фокус на младите, долгоролно невработените и корисниците на минимална помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство
Следна Статија Мицкоски oчекува до крајот на годината невработеноста да биде под 9 отсто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на парното останува иста

Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со…

July 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија стана рекордер по затворени компании

Во 2025 година, Германија стана светски шампион по бројот на големи банкроти на компании со промет од над 50 милиони…

February 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Сè уште не е познато кога ќе стартува авиолинијата Скопје-Дубаи

Сè уште не е познато кога точно ќе профункционира летот Скопје-Дубаи, иако првично требаше да стартува на 30 март годинава.…

April 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи дека оваа одлука е…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?