Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ

Објавено February 26, 2025 13:37
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува да биде избран јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не, како што рече, „заштитник на владата на СДСМ и ДУИ“. При посетата на Неготино, премиерот беше прашан зошто не е задоволен од обвинителот Љупчо Коцевски и како ги коментира обвинувањата од СДСМ дека се партизира правосудството.

– Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина, главен услов, ние да работиме спротивно на тоа. Тоа значи дека имаме опструиран, партизиран целосен систем, што има за цел да биде последниот браник, последниот штит на владата што пред повеќе од осум месеци замина во историјата на македонската политичка сцена, а тоа е владата на СДСМ и ДУИ, иако тие заедно со Левица, функционираат исклучително одлично и ефикасно во опозиција и мислам дека уште долго време така и ќе продолжат да функционираат како коалиција, одговори Мицкоски.

Тој очекува целиот процес да заврши „брзо и ефикасно“.

Но, самото тоа што тие велат дека не треба да се промени Коцевски, ние мора спротивно да работиме. Да направиме сѐ што е во наша моќ да го промениме, бидејќи знаеме што мислат граѓаните за правосудниот систем под палката на оваа коалиција – СДСМ и ДУИ во минатото. Довербата е два, три проценти. Така што, јас очекувам овој процес брзо и ефикасно да заврши и да биде избран обвинител којшто ќе биде заштитник на правдата, а не заштитник на владата на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
Следна Статија Над 300.000 пензионери ќе се израдуваат – Мартовските пензии повисоки за 2.500 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  велат дека во моментов нема отстапка од планираниот период за ставање во функција…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД

Министерот Муцунски во интервју за Сител ТВ од Њујорк говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета…

May 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

Привремениот граничен премин Стрезимир – Рестилица, на македонско-косовската граница, во петок, на 25 јули, ќе биде отворен за минување за…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?