Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10

Објавено June 17, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годинава да почне изградбата на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, за која Министерството за финансии треба да испрати писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање.

Очекувам периодот формално да испратат дописи до потенцијалните заемодавачи. Ако се биде како што треба, оваа година очекувам почеток на изградбата на оваа пруга што ќе значи многу во историска и транспортна смисла, изјави Мицкоски денеска од Битола.

Министерството за финансии, како што вчера најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, најдоцна до крајот на денешниот ден треба ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на овој проект.

Треба да видиме колку банки се, за да видиме колку време ќе ни треба и нам и ним, мислам дека до 30 јуни ќе треба да се достават понудите, но почекајте да го пуштиме писмото и ќе информираме кога ќе биде крајниот рок за понудите. Владата не задолжи во рок од пет дена да доставиме понуди, а ние го внесуваме рокот врз основа на документите. Можеби ќе треба и нешто да се продолжи ако банките бараат дополнителни податоци. Во писмото се наведуваат контакт лица од Министерствопто за финансии (МФ), но и од одговорните институции зашто МФ не е тоа што одговара за детали од проектот што треба да се финансира. Станува збор за 1,91 милијарда евра кои ќе бидат побарани како понуда од една поголема листа на банки, вклучувајќи ги и оние со кои имаме постојана соработка како Светска банка, ЕБРД и ЕБОР. Ќе бидете информирани навреме како што ќе стигнуваат понудите – што ќе има внатре. Задолжени сме во рок од пет работни дена да ги доставиме писмата. Штом бидат доставени ќе добиете информации буклвално за секоја понуда. Да нема дилема, ќе бидеме максимално транспарентни какво што било секогаш Министерството за финансии, рече министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дијаспората сѐ поголема, парите што ги праќа во Македонија сѐ помали
Следна Статија Дебакл на економските политики на власта: Македонија на дното на Европа, велат од СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп тужи JPMorgan и Џејми Дајмон поради прекин на банкарски пристап

Поранешниот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против JPMorgan Chase и неговиот извршен директор, тврдејќи дека банката му ги затворила сметките.

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Можно е минимално поскапување на струјата

Од 1 јануари можно е граѓаните да имаат повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кампања на владата – купувај домашни земјоделски производи

Преку кампањата купувај домашни земјоделски производи го стимулираме растот на домашната економија и директно влијаеме врз зголемување на потрошувачката на…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?