Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

Објавено February 1, 2026 14:31
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара.

– Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа тема кога јас многу јасно ова сум го предложил уште минатата година само тогаш беше на четири рати бидејќи беше опфатена и 2025 година. Сега, бидејќи 2025 е зад нас, остануваат три години, односно две години и два – три месеца (април 2026, 2027 и 2028). Тоа е условот – да дојдат, но треба исто така во тие преговори да се согласат на веќе изминатиот од важност Општ колективен договор, да го тргнеме делот за плати којшто и онака е збунувачки, и да се посветиме на овој договор да го финализираме и во рамки на тие две години да се договориме и за тој дел. Ние сме подготвени да преговараме, изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Вели дека оваа понуда била на маса веќе една година и дека неговиот став е непроменет, односно бил ист и тогаш и сега.

– Со тоа Владата ги регулира односите со своите колеги, односно онаму кадешто Владата е работодавач бидејќи остануваат уште административните службеници. Со сите останати ние како Влада имаме договор, рече Мицкоски по означувањето на почетокот на изградба на булеварот „Македонија“ кај хотелот Лимак во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина 11 месечната внука на Снуп Дог
Следна Статија Веризон забележува силен пораст на претплатници под новото раководство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата нагло пораснаа по планот на Трамп за Ормускиот теснец

Цените на нафтата бележат нагол раст на светските пазари по најновите најави поврзани со планот на американскиот претседател Доналд Трамп…

April 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Загрижувачка состојба во исполнување на ДДВ обврските

Управата за јавни приходи соопшти дека заклучно со 25 јули годинава евидентирана е загрижувачка состојба во однос на исполнувањето на…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари

Цените на бакарот надминаа 13.000 долари за тон, достигнувајќи нов максимум откако црвениот метал се тргуваше на лондонската берза LME,…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица. Вицепремиерот…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?