Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година

Објавено February 8, 2026 13:47
Сподели
Сподели

Владата постигна договор со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата за зголемување и усогласување на платите, со важност до 2028 година, со што ќе бидат опфатени околу 11.000 вработени во државната администрација, судовите и обвинителствата. Ова денеска го соопшти претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по средбата со претставниците на синдикатите УПОЗ и САДУ.

Премиерот истакна дека станува збор за поширок пакет мерки со кои Владата, како најголем работодавач во државата, воспоставува долгорочен договор со своите вработени, слично на претходно склучените договори во образованието и здравството.

„Ова е историски момент, бидејќи за првпат имаме јасен и долгорочен план за зголемување и усогласување на платите, со цел да се достигне достоинствено ниво“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека договорот се постигнува во услови на сериозни глобални и внатрешни економски предизвици, но со одговорно и домаќинско управување со државната каса.

Тој најави дека постигнатиот договор ќе се операционализира преку индивидуални договори, а воедно повтори дека општиот колективен договор е истечен. Владата, како што рече, е подготвена во наредниот период, заедно со репрезентативните синдикати ССМ и КСС, да започне преговори за нов општ колективен договор кој ќе биде единствена основа за исплата на платите.

„Целта е да имаме вин-вин решение – и за работниците и за Владата, а најмногу за граѓаните и државата“, истакна премиерот, додавајќи дека со дел од синдикалните структури постои градење на доверба, иако, како што рече, има и структури кои сè уште се под политичко влијание.

Мицкоски изрази задоволство од постигнатиот договор и им се заблагодари на претседателите на синдикатите, на гранковите синдикати, како и на УПОЗ и САДУ за конструктивниот дијалог кој резултираше со заедничко решение.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Морнарички секретар на Трамп наведен во дневниците на Епштајн
Следна Статија (ВИДЕО) Кадриу: Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на царината во Канада го направи овој високотехнолошки кинески електричен SUV 50% поевтин

Висококласен електричен SUV со перформанси, произведен во Кина, наскоро драстично ќе поевтини за Канаѓаните.

January 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

САД и Кина го одложија меѓусебното воведување високи царини за 90 дена

Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се…

August 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Банките имаат повеќе од два месеца да ги променат условите за кредитите за прв стан

Банките имаат повеќе од два месеца за подготовка и проценка за примена на новите правила на Народната банка при давањето…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП ја објави најновата листа на должници: Еве кои фирми и физички лица најмногу должат

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници 10/2024, за долгови доспеани до 30.06.2024 и неплатени до…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?