Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите

Објавено September 16, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце.

Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес. Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат, така што за жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе контруираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме – рече премиерот.

Мицкоски потенцираше дека утрово се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект кој што изби во 4 и 30 часот. Пожарот се случи во сервис за автомобили во Пинтија.

Бев континурирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода, и со министерот и со луѓето од ППЕ Скопје. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ тоа што го зборувам цело време дека, за жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една кратка анализа ќе го добиете – рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ
Следна Статија На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротистават…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во Македонија ќе се возат српски електрични локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго денеска соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт…

September 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Продолжен викенд – гужва на „Богородица“ и „Дојран“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Началникот од Демир Хисар разрешен поради непрофесионално однесување

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?