Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Правиме закон кој ќе гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Правиме закон кој ќе гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Правиме закон кој ќе гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност

Објавено February 26, 2025 21:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека законот кој ќе гарантира правила на застапеност на етничките заедници е во фаза на анализа од експерти по уставно право и дека пред да биде проследен во собраниска процедура ќе биде пратен во Венецијанска комисија на мислење за, како што рече, „да нема можност никој потоа од тоа да прави политика“.

На прашање дали со неговата изјава дека додека е премиер нема да има етнички вработувања ја демантирал изјавата на неговиот заменик Изет Меџити дека ќе бидат вработени 2000 до 3000 Албанци, Мицкоски во интервју за ТВ Алсат одговори „тоа можете како сакате да се сфати“.

-Во суштина, нема да има политички вработувања, нема да има партиски вработувања, без разлика дали таа партија е етнички албанска, турска, ромска, српска, повеќеетничка, македонска итн. Ценам дека треба да го надминеме оној Рубикон кога функциониравме по принципот „како до сега“ и партиски препораки, треба да се гледа квалитетот бидејќи ако сакаме да одиме напред, и ако сакаме да создадеме општество во кое сакаме да живееме тогаш треба да гледаме квалитет, а не да гледаме било какви партиски препораки… Јас познавам многу квалитетни и Албанци, и Срби, и Турци, и Роми, и Македонци…, рече Мицкоски.

Посочи дека е во фаза изработка на законот кој ќе гарантира правила на застапеност на етничките заедници и на централно, и на локално ниво.

-Затоа што во некои заедници и Македонците се помалкуброен етникум, како што е, да речеме, во Тетово, во Гостивар итн. Работиме на тој закон и цениме дека многу скоро од денеска ќе биде готов. Идејата и концептот е готов уште во декември, но сакаме да вклучиме во процесот професори по уставно право, коишто ќе дадат толкување. Уставни експерти го анализираат, меѓу себе се консултираат и дебатираат и цениме дека кога ќе биде готов концептот како таков, пред да биде однесен во собраниска процедура, ќе биде испратен на Венецијанска комисија на мислење за да нема можност никој потоа од тоа да прави политика, рече Мицкоски во гостувањето во Дневникот на ТВ Алсат.

Суштината, рече, не е во тоа колку брзо законот ќе биде донесен, туку да биде решение „кое во моментов ќе ни гарантира вистинска правична застапеност, но и уставност“.

Додаде и дека откако е претседател на Владата не отворил етнички теми зашто сака главно да се фоксуира на економија, развој и подобар живот.

-Затоа што ако постојано се занимаваме со политички и етнички теми кои ќе произлезат од опозицијата, ќе има помалку простор да се занимаваме со вистинските работи и вистинскиот живот, зашто сите граѓани сакаат да живеат убаво, истакна премиерот.

Одговори дека никому „слепо не верува“ откако беше прашан дали слепо му верува на неговиот заменик Изет Меџити, откако Владата вчера експресно ги отфрлила наводните докази на СДСМ и ДУИ за незаконско работење на првиот вицепремиер.

-Јас никому слепо не верувам, но тоа што го доставија СДСМ и ДУИ е навистина класично политиканство. Нема никаква врска ниту со прекршување на закон, ниту, пак, има било каква суштина… Требаше во Обвинителство, но тие мене ме повикуваа. Тие не го повикуваа обвинителот, туку мене ме повикуваа. И затоа мојот одговор беше таков – ако имате било какви докази, тогаш доставете ги. Тие ги доставија, тоа што го доставија, би рекол, нема никаква суштина, ниту па елементарна основа за било што, така што, тука се затвори таа тема, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Член на Десна разговарал со Палчо на денот кога била убиена Вања на Телеграм, ама комуникацијата веднаш се избришала
Следна Статија На поранешниот претседател на ФИФА уште му се суди за корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Изјавите на Филипче се какафонични, една со друга контрадикторни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Тој изврши увид на нова апаратура која…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно…

November 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

Петар Богојески за прв пат доби државна функција откако со неговиот „Македонски концепт“ стана коалиционен партнер во власта. Лидерот на…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните, туку дели проекти

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека оваа Влада не ги дели граѓаните, работи за…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?