Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски прашува: Зошто за нас ставањето на Бугарите во Устав е услов за ЕУ, а за Албанија не е?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски прашува: Зошто за нас ставањето на Бугарите во Устав е услов за ЕУ, а за Албанија не е?
ПОЛИТИКА

Мицкоски прашува: Зошто за нас ставањето на Бугарите во Устав е услов за ЕУ, а за Албанија не е?

Објавено February 12, 2025 15:07
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека стратегија на Владата е најпрвин економски да се зајакне земјава, а потоа од консолидираните пари да се отвори македонски конзулат не само во во Корча, туку и во други земји во светот.

-Резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра буџет што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана. И не само во Тирана, туку и 300 евра добива месечен буџет македонскиот амбасадор во Брисел, 300 долари добива македонскиот амбасадор во САД, бидејќи толку има ова покрадена, опљачкана Македонија која ние се обидуваме некако да ја консолидираме за да можеме со тие пари кои ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча, туку и во многу други места во светот, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев дали нашата Влада ќе се заложи да се отвори македонски конзулат во Корча.

Премиерот потенцира дека во меѓувреме додека не можеме тоа да го направиме, односно го немаме тој капитал за тоа да го направиме, се обидуваат да дејствуваат преку почесни конзули. Се надева дека многу скоро од денеска ќе имаме конзулат и во соседна Албанија.

Нагласи дека ако сакаме навистина да зборуваме на ниво на стратегија е подготвен да разговара со секој, кој има конструктивен предлог.

-Македонците не само во Албанија, туку и во Србија, и во Бугарија, и во Грција и во Косово, и насекаде во светот, треба да знаат дека еден од главните приоритети на оваа Влада се токму тие, но и оние кои биле дел од таа економска асимилациона политика. Затоа, ајде заедно нормално да разговараме и да правиме стратегија како најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија, порача Мицкоски.

Потенцира дека ниту тој нема да го политизира ова прашање и посочи дека на средбата што се одржа викендов во Корча на македонските парламентарни партии со Македонците во Албанија учествувале и други владини претставници.

-Ниту јас нема да го политизирам ова прашање. Иако морам да кажам дека имам поголема институционална меморија во нашите контакти и комуникација со нашинците не само во Албанија, туку и во останатите соседни држави, но не само соседните држави, туку и во многу држави во светот. За да бидеме чесни до крај и да бидеме точни и прецизни, мора да признаете дека вашата колешка Лидија Петковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше на тој настан во Корча, исто како што беше и националнуиот координатор Затуровска и заменик-министерот на надворешни работи Зоран Димитровски. Да не биде сега дека не било претставена Владата или не бил претставен Парламентот, или ВМРО-ДПМНЕ. Иако како ВМРО-ДПМНЕ имаме редовна комуникација, рече тој.

Премиерот нагласи дека суштинското прашање е зошто во земјава, каде има околу 700-800 Бугари, кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба бидат ставени во Устав, додека Албанија со осум илјади Бугари според бројките од пописот го нема тој услов. 

-На пописот во 2011 година во Албанија има декларирано 5,5 илјади Македонци. Сега има околу 2300. Вие рековте 2000, еве јас ќе ве исправам отприлика се 2300 и некаде осум илјади илјади Бугари. А во пописот во 2011 година во Албанија има нула Бугари. Прашањето е следно:  Ако сега на овој попис во 2023 година има повеќе осум илјади Бугари, а во 2011 година 5,5 илјади Македонци а сега има 2300, теоретски останатите три илјади да потпаднале под асимилаторската бугарска политика, како што вие велите, овие што ја сочинуваат преостанатата разлика до осум илјади, што се, Албанци? Ние се грижиме за македонското малцинство насекаде. Вистинското прашање е зошто во Македонија околу 700-800 Бугари кои што декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот треба да ги ставиме во Устав, а зошто Албанија го нема тој услов овие осум илјади да ги стави во Уставот? Тоа е суштинското прашање. Јас би сакал ние да разговараме како граѓани Македонци и останати, не само Македонци, туку и Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и Власи. Ајде да видиме зошто дозволивме ова да се случи. Тоа е суштинското прашање, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш
Следна Статија Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК го усвои календарот за локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025,…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

Денеска во Собранието е формирана нова пратеничка група на ВРЕДИ. Таа ќе брои девет члена и ја сочинуваат. Африм Гаши,Аднан…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити

Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити.…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?