Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прво изградба на болниците во Штип и Кичево, а потоа и нов клинички центар во Скопје

Објавено June 26, 2025 14:37
Сподели
Сподели

Од првиот ден откако бевме избрани како Влада, здравството беше централна тема и ако се сеќавате мојот прв теренски настан и изјава беше токму од Клиничката болница во Штип, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на пратеничко прашање.

Премиерот Мицкоски рече дека состојбата во здравството која ја затекнала била хаотична.

Она кое што го затекнавме во здравството навистина беше една алармантна состојба. Состојба во која што владеело буквално безредие и хаос, долгови натрупани, изјави тој.

Премиерот Мицкоски го искоментира и вчерашниот отчет за сработеното во Клиниката за детски болести каде што рече дека некои работи мора да се направат и со малку пари.

– Некогаш работите можат да се направат и без пари или јас би рекол со многу малку пари. Еве самите го споменавте вчерашниот ден и мојата посета на Клиниката за детски болести и она кое што на луѓето најмногу им остави впечаток е дека клиниката беше исчистена. Во која смисла исчистена? Најпрво од хигиенски аспект, но исчистена беше и од аспект на тоа дека беа исфрлени 50 тони дигитален отпад. И тоа е однесено да се рециклира со компанија. Просто беше неверојатно тоа што го гледавме, како изгледало претходно и како изгледа сега, балконите на клиниката биле натрупани со стари компјутери, принтери, тоа беше една хаотична слика. И тоа е една од тие 11 работи кои што ги направил директорот за тие 11 месеци, вели Мицкоски и истакна дека вкупно проектите кои биле презентирани чинеле 40 милиони денари.

Премиерот Мицкоски посочи дека со кредитот од стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе се вложат над 200 милиони евра во здравството за изградба и реконструкција на клинички болници.

– Сакам да споменам дека повеќе од 200 милиони евра од кредитот ќе бидат инвестирање во довршување на штипската клиничка болница, изградба на Медицински факултет и студентски дом со 200 легла. Исто така изградба на болница во Кичево и целосна реконструкција на клиничката болница во Тетово и опремување за да можат да одговорат на потребите на пациентите, кажа Мицкоски и додаде:

– Откако ова ќе биде завршено ќе преанализираме за потребите на оној фамозен Клинички центар кој што конечно треба да се изгради, иако ќе ве потсетам дека во 2017 година постоеше завршена постапка, избран изведувач за што сега сме и на арбитража, и тогашната Влада влезе и во нивен стил како што тие само знаат да го направат, го прекинаа договорот, го избркаа изведувачот и сега сме ние на арбитража и најверојатно поради таквото неодговорно однесување од владата на СДСМ и ДУИ, граѓаните ни криви ни должни ќе треба да плаќаат оштета, исто како што сега треба да го плаќаме оној солидарен данок 50 милиони евра зошто незаконски им бил одземен на фирмите од страна на претходната влада.

Премиерот Мицкоски истакна дека здравството е главен приоритет на Владата.

Факт е дека здравство било на маргините, факт е дека најголем проблем за граѓаните, и исто така е факт дека е еден од нашите главни приоритети, порача Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС
Следна Статија Ќе има музички фестивал крај Дојранското Езеро: „Дојран Д-фест“ ќе се одржи од 25 до 27 јули

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Шеикот од Муртино“ пак ја мати водата – во милионска трговија со челик од Русија преку неговата фирма во Дубаи, тврди Груевски

„Во време на меѓународна градежна експанзија на Зоран Заев, со проневерени па легализирани пари од рекет и други злоупотреби, која…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема веќе спортисти на рекламите за обложување

Министерот Борко Ристовски во име на Министерството за спорт и генералниот директор на Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите, но и враќање на достоинството на медицинската професија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници. На…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Претседателката на ДКСК ќе остане без дипломатскиот пасош кој ѝ го дал Бујар Османи?

Претсседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска ќе остане без дипломатскиот пасош, пишува порталот „Плусинфо“. Димитровска…

April 28, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?