Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик

Објавено June 24, 2025 17:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик и дека ќе се воспостават заеднички контроли (One Stop Shop) на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија).

– Тоа се две убави работи за македонските граѓани кои денеска се случија. Првата е што помина „One Stop Shop“ со Србија и со Косово и сега на северната граница не очекувам да има толкав метеж како што беше досега. Десет милиони патници овој период поминуваат низ територијата на државата, дел одат во други земји и на годишни одмори. Конечно по толку месеци се реши прашањето за луѓето и за платата на луѓето во Инспекторат за албански јазик, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Македонското Собрание денеска во рамки на 55. седница го донесе Законот за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија).

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека граѓаните секојднево го чувствуваат отворањето на „One Stop Shop“ на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан и најави дека на 5 јули 2025 година да се отвори и со ГП Табановце. Додаде дека тоа е многу важно и ќе биде олеснување за дијаспората и за српските државјани, кои, како што рече, патуваа и порано чекаа со часови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Млад скопјанец пронајден починат во стан во Карпош
Следна Статија Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи,…

October 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство утре пред Собранието

Собранието утре во рамки на 54. седница треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство.…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник

Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?