Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Румен Радев два пати се пофали дека тој лично ја блокирал Македонија во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Румен Радев два пати се пофали дека тој лично ја блокирал Македонија во ЕУ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Румен Радев два пати се пофали дека тој лично ја блокирал Македонија во ЕУ

Објавено April 11, 2026 12:50
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување, но нагласува дека не верува оти „може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија“.

Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, нагласи дека политиката на Владата веќе две години е конзистентна и практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и „одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме“, и нагласува дека „секој оној што мисли и се уште верува дека ако се измени Преамбулата на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже или не ја разбира политиката“ или, вели, „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.

Прашан за коментар за одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување и дали смета дека ќе има некаков ефект, Мицкоски рече дека секако ќе има ефект, но дека не очекува да има ефект врз политиката на политичарите кај нашиот источен сосед, посебно не сега, вели, во оваа предизборна кампања.

-Одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме. За жал, во минатото имавме политичари кои беа мекото ткиво на македонската идентитетска политика и прифаќаа се, буквално и бел лист да им се ставеше на маса да го потпишат, од проста причина мислејќи лековерно дека на тој начин ќе останат подолго во Владата и ќе користат и ужуваат привилегиите кои што тие за себе ги замислиле – изјави Мицкоски.

Знаете, како што вели Мицкоски, тоа беше период на криминал, на срам, на предавства, на уништување се што е македонско.

-Но, политиката на оваа Влада веќе две години е конзистентна, практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и секој месец или секој квартал, да добиваме по уште едно ново признание за сите оние политики, кои што ги водиме – изјави Мицкоски.

Мицкоски, вели дека во периодот што следи очекува уште вакви одлуки, но дека не верува оти може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија.

-Веурвам дека нашите агрументи се исправни, нашите аргументи од ден на ден се потврдуваат на меѓународната сцена. Впрочем ако го слушавте, едно од оние интервјуа на поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев, а сега кандидат за премиер, каде вели дека тој лично два пати ја блокирал Македонија да ги отпочне преговорите, тогаш ни е се јасно. И, секој оној што мисли и се уште верува во прикаските дека ако се измени Преамбулата на Уставот или ако ја додадеме таа измена на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже – вели Мицкоски.

Според Мицкоски, секој што мисли дека со тоа ќе заврши се и ќе почне од другиот ден мед и млеко да тече по улиците, „се лаже или не ја разбира политиката“ или „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.

-За жал, се уште на политичката сцена имаме такви политичари кои што со своите мекоткивни политики ги нарушуваат позициите коишто оваа Влада макотрпно и жилаво ги гради, но очекувам веќе после следните парламентарни избори тие политичари и таа политичка партија да се маргинализираат и конечно исчезнат од македонската политичка сцена – изјави Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како се прославува Велигден во Грција
Следна Статија ВО ЖИВО:Благодaтниот оган во Ерусалим посилен од војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Владата на СДС и ДУИ со народните пари се однесувала како кон своја лична сопственост, без одговорност и отчетност, истакна…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени…

February 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век

Сметате ли дека новата администрација на американскиот претседател Доналд Трам ќе може да ни помогне околку спорот со Бугарија? Гласеше…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

Утре, 14 јануари, во 12 часот во Клубот на пратеници ќе се одржи меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот…

January 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?