Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија

Објавено April 2, 2026 08:57
Сподели
Сподели

За време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, истакна премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Македонија наутро“ на МРТ. Сепак, порача дека ќе дојде време кога младите што заминале од Македонија од разни причини, ќе се враќаат дома, а борбата треба да се водиме тука затоа што, како што посочи, само дома си е дома.

Мицкоски рече дека кога државата стануваше независна, кога се одвојуваше од поранешната федерација, генерациите кои сонувале за независна македонска држава, дел од нив и нивните родители тоа со живот го платиле, дел од нив завршиле во тогашните југословенски затвори затоа што имале напредни, прогресивни, промакедонски идеи и сето тоа оставило трага во македонскиот идентитет и во колективната меморија.

-Кога се случи независноста дојде транзицијата кога брутално општествениот капитал се трансформираше во приватен капитал и кога од многумина еднакви, станаа малкумина екстремно богати. Тоа остана во таа колективна меморија, голем број од нашите родители преку ноќ ја губеа својата работа, доаѓаа дома со изневерени очекувања, полни со разочарувања, со поглед кон иднината што тоа време беше неизвесен и не ја исклучувам можноста дека голем дел од нив ги советувале своите деца, така разочарани, да својата среќа ја бараат некаде надвор, рече Мицкоски.

Посочи дека потоа дојде новата генерација со поинакви предизвици, но во тоа време тие кои ја водеа државата се водеа претежно од своите лични интереси и на тој начин дополнително ги разочаруваа тие генерации.

-Сето тоа е би рекол еден мозаик на случувања кои останале врежани во колективната свест и не секој тоа може да го прифати онака како што треба да го прифати, свесно трезвено и да се бори со тие предизвици. Некои за жал одлучија да заминат надвор, дел од нив останаа таму, некои има и такви примери се враќаат дома. Дел од младите мислат денеска дека веднаш таму каде ќе отидат ќе станат луѓе кои се многу успешни преку ноќ, дека тоа така ќе биде инстантно, но кога ќе се соочат со вистинската реалност тогаш сфаќаат дека се маргиналци во тие општества, потенцираше премиерот.

Во тој контекст, упати порака дека колку и да е тешко, колку и да тие сеќавања, колку таа колективна меморија од минатото да притиска, да ние сме научени како народ да се бориме и треба од дома да се бориме за себе пред сè, за своето семејство и нормално за својата татковина.

-Мораме повторно да ја создадеме онаа припадност кон татковината, кон идентитетот. Јас знам дека имало многу разочарувања поради исплакнати луѓе кои ја воделе државата, но тоа мораме да го надминеме, затоа што ние сме една од најмалкубројните нации во Европа и единствениот начин да успееме е ако ги почитуваме тие вредности. Ако не ги почитуваме тие вредности јас се плашам дека некоја идна наша генерација ќе се соочува со предизвикот за опстанок и дали воопшто ќе постоиме, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата работи на целосна стратегија за младите и тоа е еден од врвните приоритети и не само за тоа туку и за формирањето семејство, за поддршката за родителите. Се планираа планира стимулативни мерки за зголемување на наталитетот, задржување и враќање на младите во земјава.

Станува збор за мерки за ослободување мајките од данок – за првото дете во период од една година, за второ дете од две години и за трето дете сè додека не стане полнолетно.

Според него треба да се работи и промена на менталитетот на младите.

-Мора да работиме на менталниот склоп на младите дека семејството не е како што тоа го излучуваа во последните години – јас тато и мама, туку јас дада, бато, тато и мама, рече Мицкоски.

Посочи дека од 22 – 23 илјади деца родени годишно, по 2017 паѓаме на бројка од 16 илјади.

-Тоа се шест илјади деца помалку и тоа значи дека има помалку деца за 300 училници или 15 училишта. Трајно губиме луѓе кои треба да придонесуваат во општеството, рече Мицкоски.

Вели дека се работи за подобрување на состојбите, но има наследени проблеми кои не можат да се решат веднаш.

-Работиме врз основа на приоритети. Би сакал сите проблеми кои сум ги наследил да се решат веднаш, но тоа е невозможно. Ресурсите се ограничени и мали. Ние решаваме проблеми, а не создаваме нови. Се ближиме кон систем што ќе биде стабилен, ќе нема банди низ градот кои ќе уценуваат и рекетираат, ќе нема висока корупција, кога правдата ќе важи за секого. Ценам дека до тоа ќе дојдеме оваа година, нагласи Мицкоски.

Вели дека не знае дали ќе успее, но ќе даде сè од себе тоа да се случи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Миодраг Давидовиќ – Дака нема да гради во Македонија, повлечен е од годишниот план за инвестиции
Следна Статија Мицкоски: Само дома си е дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Американската амбасадорка Агелер со отворено писмо до македонските граѓани

Пред три години пристигнав во Скопје како десетти амбасадор на Соединетите Американски Држави во оваа прекрасна земја. Тогаш, како и…

January 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование

Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за реформа во гимназиското образование. Целата нацрт-концепција е направена…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Првично ќе се евидентира пребрзо возење, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање

Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, меѓу другото МВР врши контрола над возачите и другите учесници…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?