Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Објавено September 11, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот се уште го учи оти се иселил од државава на шест години. Вака премиерот Христијан Мицкоски денес го оправда Фетаи кој во вторникот на новинарско прашање поставено на македонски јазик одговори на албански и кажа дека „уште не е спремен на македонски“.

Јас имам исклучително квалитетна комуникација со потпретседателот на Влада на англиски јазик. Зошто? Затоа што тој од својата шеста година е иселен од Македонија и живее Белгија и говори течно четири јазици, француски, холандски, англиски и така натаму, да не ги редам сега. Нашата комуникација се одвива на англиски јазик. Тој има исклучително квалитетна биографија зад себе. Школуван е на врвни универзитети. Знам дека не му е таа намерата како што се обидуваат одредени центри поради политичка злоупотреба да ја дефокусираат јавноста, бидејќи се обидува, се труди да го учи и зборува македонскиот јазик и знам изминативе 15 месеци колку енергија вложува во тоа“, рече премиерот Мицкоски.

Тој денес се извини на новинарите за постапката на Фетаи и кажа дека вицепремиерот згрешил, но не во почитувањето на македонскиот јазик туку во ангажирањето преведувач.

Единствената, по мене, грешка во случајот е ако некој одлучи да се обраќа на албански јазик да си донесе со себе преведувач. Јас во мое име се извинувам на новинарите и убеден сум, бидејќи веќе разговараме со потпретседателот, дека тој истото тоа ќе го стори и таа грешка нема да случи во иднина“, објасни премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски за реконструкцијата на ГОБ „8 Септември“: Граѓаните ќе добијат најмодерна болница, а лекарите современи услови за работа
Следна Статија Кои хороскопски знаци не треба да влегуваат во долгови до крајот на годината?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, Македонците во Србија со положување цвеќе им оддадоа почит денеска во Костолачка…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Остваривме бројни политички средби на маргините на Конгресот на ЕПП во Валенсија

Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата на државата во Европската унија, како и соработката…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува продолжен викенд под темни облаци, грмежи и пороен дожд

УХМР најавува дестабилизација на времето за продолжениот викенд, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места во земјата.…

May 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?