Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се обрати на CPAC, ја отвори можноста за американски инвестиции во стратешки проекти во Македонија

Објавено February 21, 2025 23:47
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој годинава ќе се обрати и претседателот Доналд Трамп, а веќе се обратија потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.Мицкоски беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, која беше заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на Трамп. Премиерот Мицкоски истакна дека Македонците во САД силно го поддржале реизборот на претседателот Трамп, како традиционални и семејно ориентирани гласачи. Мекфарланд возврати дека премиерот Мицкоски бил единствен меѓу европски водачи кој позитивно реагирал и аплаудирал за време на обраќањето на потпретседателот Венс на Минхенската Безбедносна Конференција.Тоа беше историски настан, според моето скромно мислење. Не велам дека сум во право, можеби некои европски политичари ќе ми се налутат, но тоа беше инспиративен говор. Важно е дека по говорот, некои од публиката го критикуваа Венс, а некои рекоа дека тоа било своевидно мешање во внатрешните работи на суверени држави, бидејќи потпретседателот Венс наведе многу примери кои не се во согласност со слободата на говор, со демократијата, со нашите споделени вредности. Повторно ќе речам, мислам дека беше во право.На мојот подоцнежен панел реков дека видовме историски говор, со многу отворени и директни пораки. Не знам дали американскиот народ знае, дека по нашата независнот од југословенската федерација, ние имавме стратегиска цел да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Пред да влеземе во НАТО, го сменивме знамето, валутата, Уставот и нашето име, бидејќи некои од нашите соседи станаа членки на НАТО пред нас и го злоупотребија правото на вето за да решаваат билатерални спорови. Што е тоа ако не мешање во внатрешните работи?“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонскиот премиер додаде дека Македонија е усогласена со новата администрација на САД и по едно друго прашање – справувањето со миграцијата

.Ние сме вратата на југоисточна Европа, и сме значајни по едно прашање кое беше актуелно пред неколку години, а сега е поврзано со политиката на претседателот Трамп кон миграцијата. Ние бевме на линијата на фронтот, се боревме против илегалната миграција и ја штитевме Европа од илегалните мигранти“, изјави Мицкоски.

На геополитички план, премиерот Мицкоски ја истакна важноста на Македонија за транспортните и енергетските коридори во Балканот. Тој беше прашан за зголемувањето на кинеското влијание во изградбата на регионалната инфраструктура.Во право сте кога ја спомнувате таканаречената кинеска економска инвазија на овој дел на Европа. Ние сме под силен финансиски притисок од таа земја, но мојата земја е единствениот дел од сложувалката кој им недостасува. Ние сме природен крстопат на два важни коридори, 8 и 10. Практично двата коридори се сечат на територијата на мојата татковина. Бидејќи ние сме стратешки партнери со САД, јас сум многу заинтересиран да поканам што е можно повеќе инвеститори – американските бизнисмени се веќе присутни во мојата земја – и можат да бидат силна конкуренција на огромните азиски компании во регионот“, изјави премиерот Мицкоски.Тој ја отвори можноста и за американски инвестиции во енергетскиот сектор на Македонија, велејќи дека во тек е изградба на гасоводен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи транспорт на американски гас кон пазарот на југоисточна Европа, како конкуренција за рускиот гас. Мицкоски воедно изјави дека Македонија веќе троши 2 проценти од своето БДП за одбрана, и дека тоа го смета како долна, а не горна граница, за што Мекфарланд оцени дека Македонија е еден од големите сојузници на САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицаец се самозастрела во Скопје
Следна Статија Задушница – спомен за починатите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Против уставни измени за внес на Бугарите во Уставот се 82% од Македонците и 11,3% од Албанците

На ниво на држава, според анкетата нарачана од емисијата „Детектор“, а спроведена од Институтот за политички истражувања, 64 отсто од граѓаните…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Струмичани в сабота ќе излезат на протест против загадувањето на воздухот

Под мотото „Забрането дишење“, в сабота (1 февруари) низ главните улици во Струмица ќе се одржи протестен марш поради загадувањето…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби заведен дека пешки поминал граница: камерите снемале батерии тој ден, дисциплинска за двајца полицајци

МВР соопшти дека се преземени дисциплински мерки за двајца полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?