Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка
ПОЛИТИКА

Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка

Објавено October 26, 2025 17:03
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за акутелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, навраќајќи се неколку години назад и раскажа што се случувало.

„Никогаш не сум зборувал порано каде ни се разотидоа патиштата со Стевче Јакимовски кој беше дел од нашата коалиција, но мислам дека денес е добра можност да кажам некоја реченица за тоа. Ќе се вратам на таа 2021 година, пред 4 години, после прв круг на локалните избори дојде ненајавен исплашен во паника и нормално го примив, велам што е работата Стевче, вели те молам ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка. Јас го гледам и велам немој, непријатно ми е, сепак си човек во години не ти личи вакви работи, те молам седни на столчето, дај напиј се вода, ќе разговараме, да видиме како можеме да помогнеме, сепак сме коалиција, ние првиот круг победивме. Не, те молам пак ќе клекнам, што треба ќе направам, само да ме поддржите, вели народ може да те оправда, да те обели. Само народ може да ме обели да победам на избори и ништо не ми треба после. Велам Стевчо, имам едно барање до тебе сè друго те разбирам само те молам да нема бетонизација за Карпош, уморни се карпошани. Вели не ме интересира ништо само народ да ме обели. Заврши состанокот се вклучивме целото раководство во кампања, тој стана градоначалник. Поминаа неколку дена отидов да му честитам и ми вели дојди да ти покажам, една голема маса, кој била знае ги наредил сите детални урбанистички планови, 30 на ред и вика бирај, што да бирам му викам, па кои се за тебе. Чекај Стевчо, нели беше кај мене во кабинет нели молеше да те поддржиме да застанеме зад тебе нели рековме нема бетонизација. А вика не тоа, јас морам да живеам од нешто. Го погледнав, само му се заблагодарив, не му велам, благодарам за ова од мене немаш поддршка и со заминав“ истакна Мицкоски.

Мицкоски на крај кажа за каква личност станува збор опишувајќи го актуелниот градоначалник на Карпош.

„После тоа разочаран, бидејќи истото тоа го потврдија и нашите советници во советот му кажаа не благодарам, почна да го напаѓа мојот родител, па потоа мојата сопруга, па да го навредува мојот постар син за да на крај се скара и со помалиот син. Ете за таква личност станува збор. Сакав ова да го кажам за да знаат карпошани со кого имаат работа. Но времето на овој итрец завршува. Сакам да ги потсетам карпошани дека станува збор за човек кој се наоѓа на црната листа на САД за криминал. Затоа ве повикувам на 2 ноември и масовно да гласаме за Сотир да го заокружиме бројот 9“ истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врсничко насилство меѓу малолетнички во Чаир – тепањето било снимено и со мобилен
Следна Статија Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ прашува каде “испари“ Венко Филипче: 20 дена не е појавен во Македонија

Има ли СДС лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче,…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: На Таравари не му е местото во Владата ако се решил за соработка со ДУИ

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Влен, Коалицијата не се распаѓа туку…

April 22, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани,…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

Штета е да е не се искористи продолжен викенд: Филипче си отпатува за Франкфурт

Ден пред празникот 1 мај, во четвртокот, додека во Собранието на Република Македонија се поставуваа пратенички прашања, претседателот на СДСМ,…

May 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?