Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се работи на значаен проект, да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не надвор од Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Се работи на значаен проект, да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не надвор од Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се работи на значаен проект, да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не надвор од Македонија

Објавено June 10, 2025 12:47
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствуваше на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ.

Најпривин благодарност до сите тука што имавме можност да го прошетаме овој објект и да се потсетиме што се изгубивме изминатите 7 години додека СДСМ и ДУИ ја разграбуваа државата и ја уништиваа, а како можело да биде за помалку од година дена. Како ова сето можело да биде во пристојни услови. Исто така прошетката тука ме наврати на година дена наназад кога во овие нечовечки, нехумани услови македонските граѓани ги вадеа своите патни исправи, а тоа не потсетува на оние 7 години ужас, криминал, помижување и срам коишто го направија Владата на СДСМ и ДУИ. А сега гледате денеска во еден климатизиран убав пристоен би рекол европски амбиент македонските граѓани би можеле да дојдат до своите патни исправи – изјави премиерот Мицкоски.

Тој потенцира дека се чувствува пријатно во овие 1400 метри квадратни реновиран простор.

Оваа есен се очекува да отпочне и втората фаза на реновирање на дополнителни 1000 метри квадратни со што ќе се заокружи овој процес и да не се повторат оние турканици, гужви коишто ни се случуваа и не потсетуваат на оние 7 години тешки за македонските граѓани кога во Владата беа СДСМ и ДУИ.

Дозволете ми да ве информирам дека заедно со министерот за внатершни работи и луѓето во министерството работиме на многу значаен проект. Да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не да се печатат надвор од Македонија – најави премиерот Мицкоски.

Вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари. Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПАРИ: ЖИВОТОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 3,3% – храната и угостителството најмногу ги зголемиле цените
Следна Статија Бугарка е новата девојка на Бастијан Швајнштајгер? (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Нѐ резилеше каде стигне: Пет години од „Цар Самоил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такви ствари“

Пет и пол години поминаа од „легендарното интервју“ на Зоран Заев, првиот македонски премиер кој во интервју порача дека со…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

ОЈО Скопје: Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во текот на денешниот ден, по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје се вршат координирани вонредни инспекциски…

February 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповикување на градоначалник, смета Перински

Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?