Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби

Објавено April 5, 2026 13:35
Сподели
Сподели

Владата разгледува неколку нови мерки кои би ги презела за амортизирање на последиците од кризата доколку за тоа има потреба и тие ќе бидат димензионирани согласно глобалните случувања, вели премиерот Христијан Мицкоски. Досега, рече, земјава е можеби единствена која покрај намалување на акцизите го намали и ДДВ-то за горивата.

-Во следна фаза разгледуваме неколку мерки кои што ќе бидат микро таргетирани, но тоа е веќе во следна фаза. Тие ќе бидат преземани во зависност од тоа како ќе се одвива кризата во Заливот и каква ќе биде состојбата во светот. Јас очекувам да заврши и во одреден период, потоа сè уште да се задржи кризата, па потоа постепено да се да се нормализираат работите, рече Мицкоски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашење.

Според информациите и податоците кои што ги добива, рече таму состојбите се сериозни, а енергетската инфраструктура во државите од Заливот е исто така сериозно оштетена, а некаде и уништена.

-Само за март штетите за земјите од Заливот се проценуваат помеѓу педесет и седумдесет милијарди долари, и тоа директни штети. Индиректните се мултиплицирани со фактор два, три па и повеќе, така што предизвици ќе има во периодот кој што следи. Ова е според Светската енергетска агенција можеби поголема криза по волумен од онаа од седмесетите години 1973 и и 1977-8 година, така што јас не очекувам дека ова бргу ќе се санира. И така треба да ја димензионираме нашата стратегија за понатаму. Затоа што сепак ние имаме и други обврски. Треба да вратиме две и пол милијарди евра стари обврзки годинава. Почнавме да го враќаме солидарниот данок. Тоа се педесетина милиони евра. Треба да се исплатат плати, редовно треба да се исплатат пензии, режиски трошоци, се останато треба тековно да се тече и настрана на тоа сега имаме директнисубвенции кои што доаѓаат од Буџетот. Состојбата е таква каква што е. Реков нема откажување, ќе се бориме и ќе победиме на крај, рече премиерот.

Според него и замрзнувањето е сега можност на маржите е една од можните мерки. Да има замрзнување и одмрзнувањето да не се направи наеднаш, туку, како што рече, да има ефект на раздолжување, Разгледуваме многу мерки, то кои ќе бидат, рече Мицкоски, зависи од развојот на глобалните состојби.

Осврнувајќи се на мерките кои веќе се преземаат премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од други држави коишто досега интервенирале само во делот на акцизите, земјава го намалила и ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, со што, како што потенцира, можеби сме единствениот случај со ваква директна и робустна акција со којашто сите граѓани и сите бизниси имаат бенефит

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
Следна Статија Од први септември ќе се возиме со Градски воз“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето-плата во август 41 097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12,9 отсто повеќе…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче е исплашен од исказите на Груби

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во затвор и…

February 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Еко-свест бара стоп за „Бошков мост“: Проектот бил спротивен на законите на Маврово

Граѓанската организација Еко-свест упати јавно писмо до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во кое изразува „огромна загриженост“ поради најавите за…

February 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во среда слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат…

March 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?