Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка во фокусот на разговорите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка во фокусот на разговорите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка во фокусот на разговорите

Објавено March 18, 2026 19:23
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија остварил средба со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ.

Како што информира вечерва преку својот фејсбук профил, на средбата било разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, за регионалната соработка и европската перспектива.

-На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство, наведува Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој со партиска делегација е во Брисел, до 20 март ќе присуствува на Конгресот на Европската народна партија, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Според најавата од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, партискиот генерален секретар, Драган Ковачки и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствуваат на свеченоста на Европската народна партија која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината.

– Присуството на премиерот Мицкоски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Херојот од Кочани доби спомен-обележје: возеше повредени, а почина по исцрпувачка ноќ
Следна Статија Папата со критика Трамп: Војната не е видеоигра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Казна од 1300 евра при контрола на градилиште во општина Аеродром

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор, при што е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Можност за пласирање на македонското вино и фармацевтските производи на казахстанскиот пазар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025 и оствари средба со претседателот…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се надева дека до 12 септември, за кога е закажана последната седница во Собранието…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за 14 лица, меѓу нив е и ексминистерот Бектеши

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за 14 лица, осомничени во случајот во која загинаа 59 луѓе во пожарот во…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?