Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со божиќна порака: Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски со божиќна порака: Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија
Blog

Мицкоски со божиќна порака: Грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија

Објавено January 7, 2026 11:52
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во својата божиќна честитка порачува дека Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите и кога се потсетуваме на вредностите што нè држат заедно – семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит.

Тој истакнува дека Христовото раѓање нè враќа кон суштинските вредности што со векови го обликувале карактерот на македонскиот народ и потсетува дека силата на едно општество започнува во домот, а стабилна држава се гради врз здрави и силни семејства.

„Божиќ нè учи дека иднината ја чуваме преку грижата за најмладите“, наведува премиерот, посочувајќи дека семејствата и децата имаат посебно место во општеството.

Според него, грижата за семејствата е грижа за иднината на Македонија, а децата заслужуваат сигурност, внимание, воспитување и средина во која ќе растат со јасни вредности, чувство на припадност и надеж.

Во време на брзи промени и бројни предизвици, празникот, како што вели, нè повикува да застанеме, да размислиме и да се вратиме кон вредностите што нè одржале – солидарноста, заемната грижа и одговорноста кон ближниот.

Премиерот нагласува и дека Божиќ е потсетник за важноста на единството, истакнувајќи дека само како заедница што се почитува, се слуша и си помага, може да се изградат стабилна, праведна и сигурна држава.

„На сите православни христијани им посакувам мир во домовите, здравје и спокој во семејствата и сила да продолжиме уште посилно, со одговорност и достоинство“, порачува премиерот, завршувајќи со традиционалниот поздрав: Христос се роди!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кои земји би можеле да бидат во визирот на Трамп?
Следна Статија Бетени Френкел се здобива со бактериска инфекција по прослава во Сент Бартс

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Маск нуди работа во својот Секретаријат: Се работи 80 часа неделно, нема плата

Еден од лидерите на новоформираниот Секретаријат за владина ефикасност во администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Илон Маск објави…

November 16, 2024

Walmart подготвен да ги објави своите квартални финансиски резултати – објаснето што можеме да очекуваме

Walmart, кој услужува купувачи од различни приходни групи, може да обезбеди најјасна слика за економското здравје на американските потрошувачи во…

November 21, 2025
Blog

Хајнекен ќе ја отвори првата голема фабрика за пиво во Обединетите Арапски Емирати

Хајнекен ќе ја отвори првата голема фабрика за пиво во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што забраната за консумирање алкохол…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш

Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети која беше договорена…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?