Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Објавено September 30, 2025 18:19
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.

Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели, дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој, како што дополни Мицксоки, спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.

„Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото“, истакна Мицкоски.

Затоа порача Мицкоски на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека народот владее во оваа држава а не, како што рече, тесните клики кои владеењето го гледаат само преку призмата на наместени тендери

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, од утре блокади низ Скопје
Следна Статија Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниедна реформа во судството, не те интересира правдата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Власта увезува странски работници додека дома има 100 000 невработени лица, вели Младеновска

СДСМ преку прес-конференција на Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор, обвини дека владата на Христијан Мицкоски „им ги отвора вратите“…

January 17, 2026
ПОЛИТИКА

На Пендаровски не му е нормално новото нормално на Трамп

Поранешниот претседател Стево Пендаровски вечерва изјави дека го загрижува позиционирањето на Владата во поглед на новата американска администрација. Многу е…

March 8, 2025
ПОЛИТИКА

Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва информираше дека до 15 или 20 март ќе биде завршена селекцијата на кандидатите, а…

March 6, 2025

Николов: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Станува збор за политички притисок, оцени денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов, откако СВР Велес вчера информираше дека му е поднесена…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?