Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со честитка за 9 Мај: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со честитка за 9 Мај: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка за 9 Мај: Го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи

Објавено May 9, 2025 10:00
Сподели
Сподели

Среќен 9 Мај – Денот на Европа!, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фесбук профил.

Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што не обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото, објави Мицкоски на Фејсбук.

Но воедно, напиша Мицкоски, да не заборавиме на огромната жртва која како народ ја дадовме во борбата против фашизмот.

Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани кои во своите животи ги положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија. Методија Андонов Ченто, Петре Пирузе Мајски, Михајло Апостолски, Павел Шатев, Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош, Ибе Паликуќа, Елпида Караманди, Кузман Јосифовски – Питу и плејада други големи имиња се вградија во денешната наша државност.

Пред нивното дело се поклонуваме со огромна почит и внимание. Затоа победата над фашимот е и наше право, а почитта кон тоа е наш долг. Честит 9 мај, објави премиерот Мицкоски на фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВО ЖИВО) ПОЧНА ПАРАДАТА, ПУТИН ДРЖИ ГОВОР Светски лидери и 14.000 војници на Денот на победата над фашизмот
Следна Статија Српски политичар објави фотографија: Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Ќе продолжиме и денес со дневното информирање на јавноста за сите преземени чекори од страна на надлежните институции се со…

March 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Низ граничниот премин во Дојран минуваат 35.000 патници неделно: Отворени 2 нови ленти, чекањето е скратено

Со отворањето на две нови ленти за гранична контрола пред 2 месеци, овозможуваме побрз и поефикасен влез и излез за…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба Муцунски – Агелер: Потврдено силното и стратешко партнерство меѓу САД и Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. На средбата…

February 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот Валентин Димитров

Сите осум пациенти кои се тешко повредени во пожарот во дискотека во Кочани, Македонија, хоспитализирани во болницата Пирогов, веќе се…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?