Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава

Објавено May 1, 2025 16:51
Сподели
Сподели

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Први мај, празникот на трудот.

-Денес им оддаваме почит на сите работници – на тие што го движат општеството напред со својата упорност, одговорност и честитост, напиша премиерот Христијан  Мицкоски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, напиша Мицкоски.

Трудот, како што посочува Мицкоски, е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и тој затоа е темелот на секоја напредна држава.

-Владата и во иднина продолжува да биде целосно посветена на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните. Преку зголемување на минималната и просечната плата, зголемување на пензиите, поддршка за нови работни места, унапредување на работничките права и намалување на невработеноста, вложуваме во вистинските вредности – трудот, знаењето и човекот, истакнува Мицкоски.

Посочува дека секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација.

-Да продолжиме заедно да ја градиме Македонија како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин. Честит Први мај – Меѓународен ден на трудот, се анведува во честитката од премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија
Следна Статија Зошто витаминот Д е клучен за здравјето на срцето?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за студентите: Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина

Порака за денот на студентите упати премиерот Христијан Мицкоски според кој, образованието не е само патека кон индивидуален успех, туку…

November 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница - Слегување на…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?