Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски уверува дека тендерската документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста, СДСМ обвинува за корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски уверува дека тендерската документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста, СДСМ обвинува за корупција
ПОЛИТИКА

Мицкоски уверува дека тендерската документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста, СДСМ обвинува за корупција

Објавено May 28, 2025 14:35
Сподели
Сподели

Ги повикувам надлежните во Обвинителство и судството и министерот за внатрешни работи да ги повика невладините и да ги стави на јавен увид тендерските документации, но и од минатото, па да се види како се купувале униформи, обувки и други вид опрема за полицијата и ве повикувам вас медиумите будно да ја следите оваа операција. Ниту еден од нас да нема никаков сомнеж, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за сомнеж за корупција за набавка на униформи за полицијата од фирми кои наводно немале доболен капацитет за тоа.

Според него, станува збор за рамковна спогодба од отворен карактер и секој што бил заинтересиран можел да се вклучи и јави на овој повик.

Рамковнa значи дека ако се нарачаат ќе треба да се платат. Јас не знам дали имат или немаат капацитет фирмите. Да видиме, дoколку немаат ќе биде раскинат, ако не ќе продоложи договорот. Сепак станува збор за униформи за припадници на MВР, ако ги користат – појасни премиерот на денешната прес-конференција во Владата.

Тој уште еднаш повтори дека ништо не се крие од јавноста за овој тендер и дека јавната набавка била отворена без лимитирачки услови како во минатото. Секој можел да се јави, а зошто не била одбрана одредена фирма рече дека не знае и за тоа одговор треба да даде МВР.

Посочи дека нема што да се крие и повтори дека целокупната тендерска ќе биде ставена на увид и ја повика јавноста да направи увид.

Инаку опозициската СДСМ денеска на Антикорупциската комисија ѝ достави документи за контроверзниот тендер за шиење на униформи за специјалните полициски сили, на кој беа избрани едно модно студио од Биола со две шивачки и една набрзина отворена фирма на компанија од Србија.

Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на корупција во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот.

Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фантом фирма ли е? Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата? – изјави портпаролката на партијата Богданка Кузеска пред седиштето на ДКСК, велејќи дека скандалот е поврзан со министерот Панче Тошковски.

Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра? ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност. Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес, рече Кузеска.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ е против опремување на полицијата со униформи и нагласија: Тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици е спроведена согласно сите законски прописи, имајќи го предвид интересот на министерството, водејќи се од квалитетот и најниската цена, а исто така овозможувајќи фер пристап за поголема конкуренција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии
Следна Статија Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: Стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески

ДУИ бара итно повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор. Одлуката ја нарекува срамна и директно ја…

April 10, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив” на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката…

December 5, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните…

January 19, 2026
ПОЛИТИКА

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?