Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја

Објавено May 27, 2025 21:23
Сподели
Сподели

Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја. Таа е сведоштво дека вредностите можат да патуваат преку граници, преку генерации и тешкотии и да вкоренат стабилност, дијалог и надеж, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Во обраќањето на свечениот прием по повод 25 години од работата на Фондацијата Конрад Аденауер во земјава, Мицкоски потсети на зборовите на германскиот канцелар Конрад Аденауер, според кој историјата не се менува со зборови, туку со дела, а делата почнуваат со визија и храброст.

Мирот е не само отсуство на војна, туку и присуство на правда, стабилност и човечко достоинство. Оваа мисла денес е поактуелна повеќе од кога било во свет во кој демокатијата е под притисок, во кој се раѓаат нови ѕидови, а стари вредности се доведуваат во прашање. Потребни се институции кои ќе останат цврсти, потребни се сојузи што не се темелат на интерес, туку на идеали, Фондацијата Конрад Аденауер е токму таков сојузник, истакна Мицкоски.

Според него, уште од времето кога нашето општество се соочуваше со транзиција, економска и политичка неизвесност, Фондацијата беше происутна со обуки, јавни дебати, поддршка на граѓански организации и едукација на млади луѓе.

Постапуваше со почит, разбирање и волја да се гради и слуша. Токму во тие тешки времиња се гради вистинското пријателство. Нашиот пат кон демократијата не беше праволиниски, имавме грешки и разочарувања, но секогаш имавме и партнери што веруваат во нашиот капацитет за напредок. Фондацијата Конрад Аденауер веруваше во нас дури и кога некои други се двоумеа. Веруваше дека можеме да станеме дел од европското семејство, дека младите овде заслужуваат иднина и затоа денес кога зборуваме за евроинтеграции, за владеење на правото, за борба против корупцијата и слобода на медиумите знаеме дека зад тие процеси не стојат само политички декларации, стојат години на вложување, соработка и визија, истакна Мицкоски.

Пред премиерот Мицкоски на приемот се обрати раководителот на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, кој рече дека Фондацијата изминатите години работеше на поддршка на европската интеграција и демократското општество во Македонија.

Верувам дека во Македонија успеавме да изградиме заемно почитување, искрени и коонструктивни со сите, вклучувајќи ги и оние што имаат различни гледишта од нашите. Иако не сме дипломати, ние сме амбасадори на земјата и и даваме видливост, истакна Браун.

На приемот што се одржува во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, присутни се претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, високи владини функционери и претставници од дипломатскиот кор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Југо“ сè уште вози по американските патишта
Следна Статија ЕХФ покренува судски постапки против Алкалоид и АЕК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата борба е да го направиме животот овде вреден, да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот

Во политиката често зборуваме за кризите што ги гледаме, за оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тој е светла точка во деновите на темнина: Мицкоски се сретна со јунакот Јован Костадинов

Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груевска: Не може јазик што не го разбираат 75 % од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот

За Законот за употребата на јазиците Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора., како…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, одржа средба со делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на…

November 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?