Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците

Објавено March 24, 2025 13:55
Сподели
Сподели

„Во земјоделието наследивме тотален хаос- и во делот на откупот, и во делот на исплатата на субвенциите, и во делот на исплатата на личните доходи во некои акционерски друштва во сопственост на државата, како и во јавните претпријатија, државни. Сето тоа успеавме во текот на овие девет месеци да го санираме, долговите да ги вратиме и исплатите да течат без проблеми.“, вели премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

„Од пораките што ги добив од земјоделците во овој регион, има одредено шпекулативно однесување од страна на откупувачите на зелката. Ова го добив како порака во последните ден-два. Разговарав и со министерот за земјоделство, кој ми рече дека денес ќе биде тука.“, додаде тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека од она што е важно за Радовиш и Конче е цената на тутунот, за којашто рече дека по килограм откупен тутун изнесува 400 денари, плус 100 денари субвенции.

„Она што е важно за овој регион, радовишко и Конче, е дека имаме рекордна цена на тутунот, постигната како никогаш досега- 400 денари за килограм откупната, плус 100 денари субвенција.“, нагласи Мицкоски и потенцираше дека Владата останува посветено да работи во интерес на земјоделците.

„Оваа година субвенциите ќе бидат уште поголеми според информацијата која ја добивам од договорите, така што како Влада остануваме фокусирани и приоритет ќе ни бидат меѓу другите и земјоделците.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, порача Јанев и ја напушти Левица
Следна Статија ДРЖАВАТА ДАВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЗА СТРУЈА Објавени детали кој има право и како да аплицира за субвенции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска и Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14), што се одржува во Скопје, министерката за енергетика,…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стопанската комора на трговци на големо и мало со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение…

February 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Биткоин под $80.000: Утринска анализа на азиските пазари

Пазарите на опции сигнализираат растечки ризик додека ликвидациите се зголемуваат, со постепени промени во предвидувањата за јануари.

February 3, 2026

Инвеститорот предвидува значаен пресврт за акциите на Nvidia

Nvidia продолжува да биде клучен играч на пазарот на технологии, привлекувајќи огромно внимание кај инвеститорите

February 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?