Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот

Објавено January 5, 2026 18:31
Сподели
Сподели

Денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред, од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо одржливо и европско управување со отпадот, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Битола каде беше промовирана опрема за управување со отпад за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Според премиерот Мицкоски, со испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад се прави конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните.

Денеска испраќаме силна и недвосмислена порака дека чекориме напред, од систем кој со децении беше запоставуван, кон современо одржливо и европско управување со отпадот, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Битола каде беше промовирана опрема за управување со отпад за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Според премиерот Мицкоски, со испораката на новата опрема за справување со цврстиот отпад се прави конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот и посилна заштита на здравјето на граѓаните.

Ова не е изолиран проект, ова е дел од регионалниот проект за управување со цврст отпад, прв национален потфат за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво, усогласен со европските директиви за отпад и депонии. Проектот опфаќа изградба на три регионални санитарни депонии, санација и затворање на три постојни нестандардни депонии, изградба на претоварни станици, како и набавка на опрема и механизација за собирање и транспорт на отпадот, за вкупно пет плански региони во државата. Особено значајно е што со оваа опрема го подготвуваме системот за целосно функционирање на идната регионална депонија и центар за управување со отпад во Новаци, како и претоварните станици во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар. Тоа е регионален пристап што носи ефикасност, економска оправданост и долгорочна одржливост. Финансиската конструкција на овој проект е пример за успешна соработка помеѓу државата и меѓународните партнери. Обезбедени се средства преку заем, грантови и поддршка кои заедно создаваат силна основа за реализација на еден од најкомплексните еколошки проекти во државата. Со оваа инвестиција не исполнуваме само европски стандарди, ние градиме држава во која чистата животна средина не е привилегија туку право, држава која мисли долгорочно, држава која ги штити идните генерации, истакна премиерот Мицкоски.

На промотивниот настан се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа кој истакна дека регионалниот модел за управување со отпад станува реалност за 500 илјади граѓани од 18 општини од пелагонискиот и југозападниот регион.

Опремата е директно поврзана со идниот регионален центар за управување со отпад во Новаци и претоварните станици во Прилеп, Охрид, Кичево и Дебар. Ова е директна инвестиција за почиста животна средина и здравје на граѓаните. Во 2026 година ја поставуваме клучната инфраструктура, во тек е подготовка на јавната постапка за Регионалната депонија во пелагонискиот и југозападниот регион со објавување во рок од најмногу шест месеци. Овој регионален систем е целосно усогласен со европските директиви, истакна министерот Хоџа.

Јавна благодарност за владината поддршка, како и за значењето на проектот во Битола искажаа градоначалникот Тони Коњановски и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Изречени се казни од 1 000 до 53 000 евра на загадувачи на воздухот во Скопје
Следна Статија Седуммина биле повредени од пиротехника за време на новогодишната ноќ, од кои пет се деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кирков бара да се затвори Зоолошката во Скопје поради можна епидемија на туберкулоза

Пред три дена во Скопје ЗОО почина младо мајмунче од видот гибон за кој, според нашите сознанија, по извршениот патолошкиот…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Аферата Мис Стон и по 124 години сѐ уште е мистерија

Според проф. д-р Драган Ѓеоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, под чија редакција Државниот архив на Македонија…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?