Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски ја поздрави донацијата од 305 уреди за прочистување на воздухот, во вредност од еден милион евра: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски ја поздрави донацијата од 305 уреди за прочистување на воздухот, во вредност од еден милион евра: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја поздрави донацијата од 305 уреди за прочистување на воздухот, во вредност од еден милион евра: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница

Објавено February 19, 2025 10:28
Сподели
Сподели

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

„Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории:  Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење“, напиша Мицкоски.

Според него, оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.

„Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи. Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество“, стои во објавата на Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск го претстави новиот модел со вештачка интелигенција, тврди дека е подобар од ChatGPT
Следна Статија Нова кривична за Прпарим Бајрами: Закупил деловни простории неадекватни за Лотарија и по повисока пазарна цена за м2

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Прилепчанка – социјален случај добила сметка за струја од 250 евра, иако речиси три месеци не ни била дома

Живее самечки, потстанарски живот во мрачен подрум. Се грее на дрва. Освен светилките и телевизорот, други електрични уреди нема, а…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

По убиството на Хебиб во Чаир, кој имаше едвај 35 години, оџата Мyарем Исмали од џамијата Иса Бег во своето…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

МО: 24 години од загинувањето на десетмината армиски припадници кај месноста Карпалак

  Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова и Директорот на…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?