Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Објавено March 27, 2025 21:43
Сподели
Сподели

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.

Мицкоски нагласи дека Владата вложува надчовечки напори во спасувањето на повредените во трагедијата.

– Немам што повеќе да кажам од она што го кажав досега. Уште еднаш да изразам сочуство на семејствата кои што ги загубија своите животи во оваа трагична и ужасна несреќа во Кочани. Како Влада правиме сѐ што е во наша моќ, вложуваме надчовечки напори да спасиме живот повеќе од оние што се повредени. Се радувам дека дел од нив полека се испишуваат од болниците во Скопје, но се враќаат и од странство, рече Мицкоски.

ТВ Канал 5 вечерва организира донаторска вечер со телефонски јавувања, на која учество земаа покрај премиерот Христијан Мицкоски, и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри, претставници на политички партии, луѓе од јавниот и општествениот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) “Македонија е грчка“ извикуваше грчката армија на прославата на Денот на независноста
Следна Статија Путин има потекло од Балканот, поточно од Албанија, потврди неговата ДНК?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

Блокот на криминал и минатото и оној на иднината и просперитетот на Македонија се двата блока, кои ќе се спротистават…

May 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Сплотени да придонесеме за среќна и пристојна сегашност и благословена и просперитетна иднина

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува сплотени да се обидеме да…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Наскоро почнува со работа „Македонска држава“ – првата дигитална библиотека за македонското историско наследство

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и…

September 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лани Македонците „уплатиле“ 209 милиони евра во спортските обложувалници, просечната уплата по тикет била 269 денари

Минатата година македонските граѓани оставиле над 209 милиони евра (12,86 милијарди денари) во спортските обложувачници, покажуваат податоците на Управата за…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?