Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот
ПОЛИТИКА

Мицкоски: 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

Објавено October 3, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Инвестиции во проекти од инфраструктурата за Кочани во вредност од 100 милиони евра, најави премиерот и лидер на ВМРО –ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од трибината „Иднина за Кочани“ што се одржа  во Мулти-културниот центар.

-Со нашите меѓународни партнери работиме надвор од тековните трансфери што ги финансира централниот буџет за капитаални инвестиции во општините, само за Кочани и овој регион да обезбедиме дополнителни отприлика 100 милиони евра, пари што ќе ги вложиме исклучиво во инфраструктурни проекти и проекти што ќе бидат додадена вредност во животите на жителите на Кочани и овој регион. Ќе повторам, тоа е програма што ќе биде надвор од  тековните трошења за период од четири години, започнувајќи од 2026 година, нагласи Мицкоски.

Според него, државата и Владата стануваат партнери на општините како ниедна претходна Влада. Овие 15 месеци половина милијарда евра се одвоени од централниот буџет кон општинити.

-Ова не беше лесно бидејќи мандатот го почнавме со минус на сметката на Владата од 200 милиони евра. Пред 15 месеци првиот наш работен ден беше со минус од 200 милиони евра. Секако, тие ги вративме, а сега сме некаде околу 50-60 милиони евра во плус, ликвидни сме како држава и Влада, ја консолидиравме таа состојба и покрај сите тие предизвици: неисплатени плати кон акционерски друштва и јавни претпријатија, по што успеавме да дојдеме до месечна ликвидност што е добро, но во исто време на општините да им помогнеме со половина милијарда евра, нешто што досега било незамислено и невозможно. Дел од тие пари завршија и во Општина Кочани, додаде Мицкоски.

Денеска на трибината во Кочани беше претставен кандидатот за градоначалник на Општината, Владко Грозданов. Тој вети чесност и максимална  посветеност, единствено, како што рече, во интерес на граѓаните. Проектите за Кочани се напишани, дополни, но не се конечни. Тимови се постојано  на терен за да ги слушнат сугестиите од граѓаните и она што им е најпотребно ќе биде вметнато во програмата.

Грозданов истакна дека не ветува невозможни чуда, туку искрена работа, чист образ и проекти за идните генерации.

Пред присутните се престави и носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Андов. Тој смета дека правилното функционирање на советот во една општина е срцето на локалната демократија.

-Со одговорни и посветени одлуки советот ќе биде гаранција дека Кочани ќе прерасне во град на идиниата, чист, безбеден, спортски град што ќе биде препознатлив не само во Македонија, туку и надвор од неа, рече Андов.

Андов најави поддршка од општинскиот совет за повредените во кочанската трагедија. Преку училиштата ќе се формираат посебни центри за преквалификација и доквалификација . Учениците кои поради повреди ја пропуштаат наставната година,  ќе добијат стипендии и стурчна помош за подготовка и полагање на испитите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија дебитираше со пораз во Конференциската лига
Следна Статија (Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Мицкоски сака свое судство

На трибина во општина Гази Баба, претседателот на СДСМ Венко Филипче ја обвини власта и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Очекувам 350.000 гласови на советничките и помеѓу 370.000 и 400.000 на градоначалничките

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воделе достоинствена кампања во која испратиле суштински пораки до граѓаните, со јасна…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Беким Сали предложен за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Мухамед Хоџа за министер животна средина

Актуелниот пратеник Беким Сали е предложен за нов вицепремиер задолжен и за Министерството за европски прашања, а Мухамед Хоџа за…

December 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?