Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: 450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија

Објавено January 28, 2026 08:52
Сподели
Сподели

„450 камиони од Македонија не може да ја загрозат европската економија, ЕУ треба да покаже вистински како седи зад своите партнери и да ја повлече одлуката, за што е оптимист“, порача премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на ТВ21.

„Ние како влада уште од септември ја отвораме оваа тема во Брисел, разговараме, исто како што разговараме за квотите за челикот, исто како за укинување на телефонскиот роаминг, и за други теми, и ќе продолжиме да разговараме. Ако некој навистина смета на овој дел од Европа, како што ни кажуваат дека сметаат на нас, ова се мали, небитни работи. Не може 450 камиони од Македонија да ја загрозат економијата на Европа. Зарем 450 камиони од Македонија може да земат некому бизнис? Напротив, тие може да додадат вредност. На крајот на денот, тие превезуваат полупроизводи за европските производители во регионот“, образложи Мицкоски во интервјуто, додавајќи дека е оптимист за решение.

„Оптимист сум, затоа што последните вести од таму се дека за оние од авиосообраќајот и во железничкиот сообраќај, се изземаат. Да речеме, ако македонски граѓанин е пилот, или работи како стјуард во авиокомпанија која оперира во Шенген зоната, ќе биде изземен од оваа мерка. Истото важи за машиновозачите и така натаму. Се надевам дека ќе се случи за патниот сообраќај, за патничкиот и товарниот, затоа што нема друг начин. Вака, ќе трпи регионалната економија, но генерално трпат и економиите на ЕУ. И на крајот од денот, ова е моментот кога ЕУ треба да покаже, вистински, како стои позади своите партнери од Балканот коишто толку многу сака да ги види во рамките на европското семејство“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Клик Плус“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за средба со Ахмети: Ќе има средба… некогаш
Следна Статија Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст…

February 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Топ светски градови со најскапа кирија во светот

Во текот на изминатите пет години, киријата се зголеми низ европските и светските градови, предизвикувајќи протести. Рекордно високите цени на…

September 22, 2025

Трговскиот суфицит на Кина достигна рекордни 1,2 трилиони долари

Извозот на Кина во декември значително ги надмина очекувањата, создавајќи рекордно висок годишен трговски суфицит

January 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Преписка меѓу адвокатот Митровски и Зоран Витанов: „Ги превесла луѓето и сега си ги бушиш“, тој пак врати: „Не критикувајте, не разбирате“

Зоран Витанов кој во изминатиов период е актуелен поради ситуацијата со компаниите „MyWorld“ и Лајконет, откако „МајВорлд“ отиде во стечај.…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?