Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија и хоророт што го преживеале
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија и хоророт што го преживеале
МАКЕДОНИЈА

Млади раскажуваат како изнесувале свои изгорени другари: Д-р Беќаровски за примените пациенти на Токсикологија и хоророт што го преживеале

Објавено March 19, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук посочи дека на Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади лица повредени од пожарот во дискотеката во Кочани кои раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените.

„На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади страдалници од хоророт кој го доживеаа во таканаречениот кабаре бар. Од една страна среќни што сепак извлекле жива глава, задоволни што поминале со некоја полесна изгореница, сѐ уште со гареж во нивните гради“,  но секој од нив има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале тие 10-30 минути“, посочи докторот Нико Беќаровски и додаде:

„Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности. Тие раскажуваат, нас солзите нѝ навираат“.

Истакна дека ова се дваесетина индивидуални драми, но секој од тие петстотини невини фиданки, има своја приказна своја лична траума.

„Драми кои не може да ги креира ниту Холивуд. Физичките трауми ќе зараснат или ќе остават трајни физички дефекти, но душевните трауми уште долго или доживотно ќе бидат нивен следбеник. Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник. ЗОШТО ??? За туѓи бели дворови, копај си црни гробови”, завршува Беќаровски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нено Димитријевиќ заминува од Милано
Следна Статија Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска прес-конференција соопшти дека нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“, фирмата од Албанија…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре пеколно жешко со температура до 38 степени

Управата за хидрометеоролошки работи за утре прогнозира многу топло време. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени,…

June 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Клиниките во Скопје ќе останат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент

Министерот за здравство Арбен Таравари вчера на прес-конференција кажа дека на клиниките во Скопје ќе останат само 14 пациенти кои…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?