Американскиот фудбал го погоди тажна вест НФЛ играчот на Минесота викингс, Рондејл Мур, почина на само 26 години, потврди полицијата во неговиот роден Њу Олбани, Индијана.
Тој бил пронајден мртов во својот дом во саботата, а според првичните информации, нема индиции за убиство или насилна смрт.
Случајот е сѐ уште под истрага, а закажана е обдукција што треба да ги утврди точните околности.
Националната фудбалска лига (НФЛ) изрази длабока тага поради трагичната вест и упати сочувство до неговото семејство, пријателите и соиграчите.
Мур беше избран во втората рунда на драфтот во 2021 година од Аризона кардиналс, каде што мина три сезони, пред во 2024 година да биде трејдуван во Атланта фалконс.