Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата
ЕКОНОМИЈА

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Објавено February 26, 2025 18:29
Сподели
Сподели

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување. Во најновата процена, ММФ ја нагласува важноста на оперативната и функционалната самостојност на Народната банка, истакнувајќи дека нејзината независност и кредибилитет се од особена важност за одржувањето на ценовната стабилност и стабилноста на денарот. Фондот заклучува дека солидниот раст на девизните резерви во 2024 година ја зајакна стабилноста на девизниот пазар, додека макро и микропрудентните мерки преземени од Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на финансискиот систем.

Во актуелниот економски контекст, ММФ нагласува дека е важно Народната банка, како и досега, да продолжи со внимателното следење на движењата на инфлацијата и финансиските текови и да ги формулира политиките соодветно на тоа, заради одржување на макроекономската стабилност. ММФ потенцира на внимателност во однос на инфлациските ризици и нивното евентуално остварување, вклучително и на оние што произлегуваат од домашните фактори коишто влијаат на побарувачката, што може да наметне потреба од натамошни мерки.

ММФ заклучува дека финансискиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при што банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен. Народната банка ќе продолжи со примената на макропрудентните мерки, заради одржување на стабилноста на финансискиот систем и заштита од потенцијалните ризици. ММФ ја поддржува оваа стратегија и ја нагласува нејзината важност во обезбедувањето долгорочна финансиска сигурност.

Како и досега, Народната банка е цврсто посветена на одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како да ги одвикнете децата од консумирање слатка храна?
Следна Статија (ВИДЕО) Вучиќ: Срамната е пресуда против Милорад Додик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитров: Платата не е работа на желби, туку на економски критериуми

Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се…

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ветерните лидери предупредуваат на глобален ‘прелив’ од зелениот удар на Трамп

Суспензијата наoffshoreрските обновливи проекти во САД додава неизвесност на пазарот

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Федералните резерви обезбедија независност со едногласно гласање

Централната банка презеде стратешки чекор за зачувување на своето раководство и независност

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Warner Bros наводно ќе го одбие понудата на Paramount од 108 милијарди долари

Се очекува Warner Bros да им препорача на своите акционери да гласаат против понудата веќе во среда.

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?