Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МНР: Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МНР: Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток
МАКЕДОНИЈА

МНР: Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток

Објавено June 23, 2025 22:30
Сподели
Сподели

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји, велат од МНРиНТ.

Оттаму нагласуваат дека покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваат и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби.

Министерството ги наведува контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби во земјите на блискиот исток каде македонските граѓани можат да се обратат.

Амбасада на Република Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk

Амбасада на Република Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk

Амбасада на Република Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Е-пошта: doha@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
Следна Статија Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени…

March 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Македонски туристи од Истанбул се враќаат со неисправен автобус

Група македонски туристи синоќа со страв се враќале од празнична посета на Истанбул. Причината е што автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ постојано…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Хајредини: Само македонскиот народ има право да одлучува за идентитетот, јазикот…

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?