Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“
ХРОНИКА

Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“

Објавено December 29, 2025 11:01
Сподели
Сподели

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка.

На почетокот на денешното рочиште, судијата Дијана Груевска Илиевска, информираше дека Судот добил известување дека во келијата на Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово бил пронајден мобилен телефон Нокиа со СИМ картичка.

-Не знам кој ви ги носи, не знам, но сега ќе дадам опомена. Да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети, го укори првообвинетиот судијката Груевска Илиевска.

На денешното рочиште, кое започна со половина час задоцнување, поради доцнење на еден од адвокатите од одбраната, треба да бидат сослушани тројца сведоци – законски застапници на оштетените.

На минатото рочиште почна доказна постапка, со сослушување на сведоци на предлог на обвинителството. Прво сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.

Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Некои од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите, но останаа на ставот дека не сториле „тешки дела против општата сигурност“.

На почетокот на процрсот, во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето е чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи трагедијата во „Пулс“. Тој порача дека не е важно само кој го запалил огнот, туку и кој имал можност да го спречи, посочувајќи дека трагедијата не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“.

Јанев нагласи дека се бара правда, не како одмазда, туку како последица на незаконитост и занемарена должност. Повеќемина обвинети, преку своите адвокати, ја оспорија основаноста на обвинението. Нивните одбрани тврдат дека обвинетите не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина. Одбраната најави изведување докази и сведоци што, според нив, ќе ја потврдат оваа теза.

Во воведен збор, одбраната на првообвинетиот сопственик на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци притвор не може да поверува во трагедијата и дека како родител никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната тврди дека против него нема ниту еден доказ и дека е обвинет само затоа што е член на семејството Јованови.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 3 поевтини алтернативи на Spotify Premium кои треба да ги обидете
Следна Статија Милвоки Бакс три­умфира­ше над Чикаго Булс со 112-103

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осум дена притвор за 43-годишниот родител кој нападна две деца од „Брегалница“ на фудбалскиот меч со „Шкупи“

Осум дена притвор доби 43-годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу…

August 25, 2025
ХРОНИКА

Полицаец осомничен дека крадел струја

Полициското одделение Матејче поднесе кривична пријава против свој вработен кој го сомничи дека крадел електрична енергија. – Одделот за внатрешна…

April 30, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Кучето кое беше врзано и влечено со автомобил во Крива Паланка е згрижено во ЈП „Лајка“

Кучето од Крива Паланка кое беше злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП Лајка. Во моментов тоа е…

August 18, 2025
ХРОНИКА

Син на турски градоначалник починал од срцев удар во затвор во Скопје

Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат труските…

November 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?