Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мобилни царински тимови запленија 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и облека со потпис на познати модни брендови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мобилни царински тимови запленија 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и облека со потпис на познати модни брендови
ХРОНИКА

Мобилни царински тимови запленија 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и облека со потпис на познати модни брендови

Објавено October 21, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Мобилни царински тимови во изминатите денови спречија повеќе прекршочни дела при што запленети се, 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце.

Обидот за шверц на 160 штеки цигари е откриен при контрола на автобус кој сообраќал на релација Скопје – Истанбул – Скопје, на излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле сокриени во делот за вентилација, како и во картонски кутии под еден ред пластични чаши со вода сместени под повеќе седишта и во неколку торби и куфери во просторот за багаж. Непријавените цигари биле во сопственост на возачот на автобусот, македонски државјанин, против кого е поведена прекршочна постапка.

На граничниот премин Богородица мобилен царински тим при контрола на камион откри и спречи обид за нелегален внес на 100 килограми ветеринарни препарати и додатоци за исхрана за добиток. По извршена контрола со мобилен скенер, биле забележани неправилности во кабината на возилото, по што бил извршен деталeн преглед. На креветите во кабината биле пронајдени 100 килограми Tonisity Px и 7,5 литри Neo Boost – препарати наменети за исхрана и поддршка на растот кај прасињата и свињите. Станува збор за производи под ветеринарно-санитарна контрола, за чиј увоз е потребна посебна дозвола издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство. Возачот, македонски државјанин, не поседувал соодветна документација за стоката. Против него е поведена прекршочна постапка, а пронајдените производи се привремено задржани за понатамошна постапка.
При личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со автобус за Берлин на излез од државата на граничен премин Табановце пронајдени се седум илјади евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени две илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се задржани.

Осумдесет парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки се запленети поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион на влез во државата на граничниот премин Богородица. Камионот бил натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Косово.

Очила за сонце со вредност од околу 60 илјади денари, се пронајдени под предните седишта на минибус со македонски регистарски таблички, откако претходно биле забележани неправилности при контрола извршена со мобилен скенер. Минибусот, управуван од македонски државјанин, бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.

Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица откри обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен физички преглед се откриени пет мигранти. Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

665 парчиња гел за нокти се откриени во кабина на камион на влез во државата на граничниот премин Табановце. Геловите за нокти се запленети, а против сторителот кој се обидел да ги шверцува во државата без да ги пријави и за нив да плати давачки кон државата се води соодветна постапка.

На граничниот премин Блаце мобилен тим откри три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, пронајдени во внатрешните делови од јакните на тројца македонски државјани кои се пријавиле за излез од државата. Лицата не поседувале документи кои би докажале дека возилата на кои припаѓале табличките се ставени во пропишана царинска процедура. Со тоа, тие се обиделе да пуштат возила во слободен промет без да бидат платени увозни давачки. Против нив е поведена соодветна постапка, а табличките и сообраќајните дозволи се запленети.

При контрола на стока со потекло од Турција наменета за фирма од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово, мобилен тим откри 1.512 метри квадратни теписи, кои не биле опфатени со царинските документи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Создаваме ново поглавје во стратешкото партнерство меѓу Македонија и Велика Британија
Следна Статија Србин со камион удрил во објект на македонска царинска управа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Туфегџиќ: Единствениот аргумент на Обвинителството за Александар е дека бил чуден

Изненаден сум од завршните зборови на Обвинителството. Очекував силни аргументи а добивме сувопарна формулација на неповрзани докази, смета адвокатот Владимир…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Судењето на возачот обвинет за прегазувањето на Фросина Кулакова започнува в петок

Судењето против Васил Јованов, возачот кој според обвинението на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен…

May 6, 2025
ХРОНИКА

Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен

Aвтобус на Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) удрил во машко лице на возраст од околу 60 години денеска околу 11:45 часот…

January 17, 2025
ХРОНИКА

Изгоре дуќанот на Тивес во Лептокарија

Пожар избувнал попладнево во дуќанот на Тивес во скопската населба Лептокарија. Пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?