Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама
СВЕТ

Могерини ослободена по притворот во истрагата за измама

Објавено December 3, 2025 10:43
Сподели
Сподели

Поранешната шефица за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, и уште две лица се ослободени откако беа приведени на сослушување во истрага за измама, соопшти денеска Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO).

Тројцата осомничени беа известени за обвиненијата против нив, кои вклучуваат измама во јавните набавки, корупција, судир на интереси и кршење на професионална тајна, се вели во соопштението.

Лицата беа ослободени бидејќи не се сметаат за ризик од бегство.

Белгиската полиција изврши претреси во дипломатската служба на Европската унија во Брисел и во елитен универзитет во Бриж. Беа претресени и домовите на осомничените.

Европската служба за надворешни работи (EEAS) и Колеџот на Европа се во центарот на истрага за сомнение за измама во врска со курс за обука за дипломати финансиран со пари од ЕУ.

Могерини, поранешна италијанска министерка за надворешни работи, моментално е директорка на Дипломатската академија на Европската унија и ректорка на Колеџот на Европа. Претходно беше раководителка на EEAS.

Според извештаите на белгиските медиуми, другите двајца осомничени се поранешен генерален секретар на ЕЕАС и заменик-директор на Колеџот на Европа.

Според EPPO, Колеџот на Европа добил задача од EEAS да спроведе програма за обука за помлади дипломати на ЕУ по тендерска постапка.

Тековната истрага се фокусира на тоа дали универзитетот или неговите претставници однапред знаеле за критериумите за избор или знаеле дека ќе им биде доделен проектот пред да биде објавен огласот за тендер, соопшти EPPO.

Колеџот на Европа објави дека целосно ќе соработува со властите.

EPPO во вчера изјави дека „постојат силни сомневања“ дека се прекршени финансиските правила и дека се протечени доверливи информации. Нагласува дека сите вклучени лица се сметаат за невини додека не се докаже нивната вина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто Кевин Хасет го освојува трката за претседател на Федералните резерви пред неа да заврши
Следна Статија СДСМ објави „потсетник“ за корупција за случајот: Тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Не сакав бесмислен состанок со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал да одржи бескорисен состанок со рускиот лидер Владимир Путин, откако планот за…

October 22, 2025
ХРОНИКА

ВНИМАВАЈТЕ НА ВАКВИ ИЗМАМИ: Старица останала без 20 000 евра

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јошевска-Анастасовска до Филков: Судија не смее да изрече притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

Сузана Јошевска-Анастасовска, членка на Судскиот совет, на социјалните мрежи одговори на министерот за правда Игор Филков, кој побара одговорност за…

February 24, 2026
СВЕТ

Њујорк Тајмс: Американски маринци убиле севернокорејски цивили во тајна мисија

Американските маринци (Navy SEALs) застрелаа и убија повеќе севернокорејски цивили за време на неуспешна тајна мисија за поставување уред за…

September 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?