Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти
СВЕТ

Може ли Кина да ги издржи царините на Трамп за увоз од 104 проценти

Објавено April 9, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Утрово стапија на сила рекордните американски царини за кинески увоз, кои ќе достигнат дури 104 отсто за многу производи.

Некои производи, како што се автомобили, чипс, челик и алуминиум, сè уште ќе подлежат на пониски царини, но повеќето други увозни категории од Кина ќе бидат предмет на целосни царини.

Засега Пекинг не покажува знаци на попуштање и најавува нови контрамерки против американскиот увоз. Но, некои аналитичари веруваат дека овие царини може сериозно да влијаат на кинеската економија и да ја принудат да претрпи структурни промени.

Дан Ванг од консултантската компанија Eurasia Group истакнува дека секоја царина над 35 отсто ќе ги избрише сите профити на кинеските компании кои извезуваат во САД или Југоисточна Азија.

Се што е над тоа ниво е симболично“, рече Ванг, цитирајќи бројки од индустријата.

Таа, исто така, предупреди дека Кина би можела да ја пропушти целта за годишен раст од околу 5 отсто доколку економијата се затвори за меѓународната трговија.

„Растот ќе биде значително помал бидејќи извозот и надворешната побарувачка придонесоа од 20 до 50 отсто во вкупниот економски раст по пандемијата“, додаде таа.

Тим Вотерер од брокерската куќа КЦМ Трејд се согласува дека царините од 104 отсто нема да бидат одржливи за Кина на долг рок, со оглед на нејзината извозно ориентирана економија.

„Краткорочно тие можат да се справат, но на долг рок тоа бара структурни промени – како потпирање на домашната потрошувачка“, рече Вотерер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Роби Вилијамс: На почетокот на годината бев во тешка депресија, не гледав излез
Следна Статија Нова скандалозна одлука на Судскиот Совет: Пајазити казнет само со 30% од плата за случајот со Рамадани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во првите 40 дена од фукцијата, Трамп потпишал рекордни 79 претседателски укази

Според Федералниот регистар, ниту еден американски претседател не потпишал толку многу извршни наредби со толку брзо темпо уште од 1937…

March 3, 2025
СВЕТ

Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да одлучуваш кој ќе влезе во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерот на киевскиот режим, Володимир Зеленски, нема право да одлучува кои…

October 7, 2025
СВЕТ

Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа

Речиси цела Куба остана без електрична енергија откако националната електромрежа доживеа голем дефект синоќа, соопшти кубанското Министерство за енергетика и…

March 15, 2025
СВЕТ

Федерален судија ја блокира наредбата на Трамп за укинување на правото на државјанство по место на раѓање

Американски федерален судија во одлука го блокираше обидот на администрацијата на Доналд Трамп до го укине правото за добивање државјанство…

January 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?