Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Молитви во тегли за 600 денари им продавале на ожалостените кочански семејства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Молитви во тегли за 600 денари им продавале на ожалостените кочански семејства
ХРОНИКА

Молитви во тегли за 600 денари им продавале на ожалостените кочански семејства

Објавено May 21, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископ Јаков, а дополнително измамниците ја користат трагедијата на семејствата на загинатите од кочанската дискотека. Од Епархијата алармираат дека станува збор за грозоморна измамничка шема преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги.

Осомничена е фејсбук-групата „Библиска Македонија“.

-До нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство, соопштија од Епархијата.

-Грозоморна измама, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените. Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско.

Ниту Митрополитот Струмички г. Наум, ниту неговиот викарен Епископ г. Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга. Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн, верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците, потенцираат од Епархијата.

Случајот е пријавен во полиција, информираат од таму.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Снимката од бензиската станица во Велес која треба да биде презентирана во судот веќе ја објави контроверзен српски политичар
Следна Статија Нема чисти чаршафи за креветите на Клинички центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Штипјанецот кој ја уби мајка си имал 2,43 промили алкохол, ја прободел со ловечки нож во вратот

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело…

August 8, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Во минибус на Табановце запленети девизи од половина милион евра

Секторот за контрола и истраги преку Одделението за оперативни работи спречи обид за нелегален пренос на готовина во износ од…

May 20, 2026
ХРОНИКА

МВР: Пронајден е човечки леш во фаза на распаѓање во Зрновци

Труп на жена во фаза на распаѓање е пронајдено во с.Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска…

March 21, 2026
ХРОНИКА

Се запали новогодишната елка кај ТЦ „Бисер“

На социјалните мрежи пред малку беа објавени фотографии на кои се гледа дека гори новогодишната елка која се наоѓа во…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?