Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“
МАКЕДОНИЈА

Молк од државата за барањата за отстранување на новиот хотел на Горица, реагира „Фронт 21/42“

Објавено June 18, 2025 12:36
Сподели
Сподели

Законите не важат во Охридскиот Регион. Прекршувајќи го и Законот за постапување по претставките и предлозите, по претставката со која 25 граѓански организации побараа од премиерот, Владата и од градоначалникот на Охрид итно спроведување на законите и отстранување на хотелот во Горица – не постапи ниеден од одговорните, реагираат од Еколошкото здружение на граѓаните „Фронт 21/42“.

На ридот во Горица, на местото на некогашната борова шума, макотрпно посадена од локалното население во шеесеттите години на минатиот век, забрзано се гради хотелскиот комплекс на ‘Дивелоп груп’ – со незаконско одобрение за градба, издадено без оцена на влијанието врз животната средина, дури и без одобрен елаборат; и покрај фактот дека во планот за управување со светското наследство е посочен како закана; со целосно игнорирање на одлуката на Комитетот за светско наследство, со која уште пред да почне градбата УНЕСКО побара стопирање на активностите и одлуката на Бернската конвенција, со особена загриженост за овој проект; врз основа на урбанистички план што Општината беше должна да го измени“, велат од Здружението.

Од таму велат дека се прекршени Законот за градењето, Законот за општата управна постапка, Законот за животната средина, Законот за управување со светското наследство, Законот за инспекцискиот надзор, Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори, Бернската и Конвенцијата на УНЕСКО, а со тоа и на Уставот.

„Долгата листа деновиве се прошири и со прекршување на Законот за постапување по претставките и предлозите од страна на Кабинетот на премиерот, Владата и градоначалникот на општина Охрид. Имено, ниедна од овие институции не постапи во законскиот рок по претставката со која 25 организации алармираа за беззаконието поврзано со овој хотел и побараа негово отстранување. Од Кабинетот на премиерот информираа дека претставката е проследена до Општина Охрид и МЖСПП, а од Генералниот секретаријат на Владата (во која влегува и МЖСПП) ја проследија до Општина Охрид. И премиерот и Владата целосно ги игнорираа сопствените законски обврски наведени во претставката. Од Општина Охрид, како и многупати досега – организациите добија молк“, велат од „Фронт 21/42“.

Од таму наведуваат дека не реагирале ниту пратениците ниту вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, кои добиле копија од претставката.

Од Здружението велат дека случајот уште во март бил поднесен и до Државната комисија за спречување на корупцијата и дека и од таму нема никаква одлука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку заработуваат Македонците во Хрватска? Ова е најплатената сезонска работа на море
Следна Статија Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“

Општина Карпош ја информира јавноста дека од денеска со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување…

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда

Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

Во продолжението на 26-тата седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата се расправаше за кандидатурите на кандидатите…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?