Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Објавено August 28, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

Обуката „AI во училница“ е наменета за наставници со основно познавање на дигитални алатки и активно владеење на англискиот јазик, и има за цел да им помогне да ја интегрираат вештачката интелигенција во сите фази на наставниот процес, од подготовка на часови до оценување.

-Обуката е организирана во соработка со групацијата Brainster, а пријавувањето е отворено до 12 септември. По завршувањето на пријавите, ќе следи селекција и тестирање на кандидатите, а обуката ќе започне на 1 октомври, се наведува во соопштението

Наставниците што ќе ја поминат обуката ќе добијат бесплатен пристап до осум различни курсеви месечно со најсовремена и практична содржина, како и можност за стекнување на осум дигитални сертификати месечно дополнети со печатен сертификат за успешно завршување на целата програма. Предавачи ќе им бидат инструктори со меѓународно искуство, а Brainster Next факултетот ќе формира менторска група што ќе обезбеди индивидуализирана поддршка за наставниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вардан Тозија доби средства од Агенцијата за филм за снимање на трет долгометражен игран филм
Следна Статија Лефков за Апасиев: Навредите од евро-лакомиот левичар се најдобар доказ дека вистината го боли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Паднато дрво го блокира влезот на ОУ „Киро Глигоров“ – учениците влегуваа од другата страна

Паднато дрво го блокира главниот влез на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не прифаќаме зголемување на платите на судиите и обвинителите, имаат само 2 отсто доверба!

Премиерот Христијан Мицкоски не се согласува обвинителите и судиите во Македонија да имаат поголеми плати, нешто што го бара ЕУ,…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за изборите во Бугарија: Се надеваме дека ќе има Влада и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да формира нова влада по последните парламентарни избори што се одржаа вчера. – Интересен мозаик…

October 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани, 13 пациенти на домашно лекување

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?