Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
МАКЕДОНИЈА

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

Објавено August 28, 2025 15:48
Сподели
Сподели

Наставниците од средните училишта во државата до 12 септември можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

Обуката „AI во училница“ е наменета за наставници со основно познавање на дигитални алатки и активно владеење на англискиот јазик, и има за цел да им помогне да ја интегрираат вештачката интелигенција во сите фази на наставниот процес, од подготовка на часови до оценување.

-Обуката е организирана во соработка со групацијата Brainster, а пријавувањето е отворено до 12 септември. По завршувањето на пријавите, ќе следи селекција и тестирање на кандидатите, а обуката ќе започне на 1 октомври, се наведува во соопштението

Наставниците што ќе ја поминат обуката ќе добијат бесплатен пристап до осум различни курсеви месечно со најсовремена и практична содржина, како и можност за стекнување на осум дигитални сертификати месечно дополнети со печатен сертификат за успешно завршување на целата програма. Предавачи ќе им бидат инструктори со меѓународно искуство, а Brainster Next факултетот ќе формира менторска група што ќе обезбеди индивидуализирана поддршка за наставниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници
Следна Статија Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Владата работи на европската интеграција, ред е и ЕУ да покаже посветеност

Во интервју за NewsMax Balkans, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зборуваше за европската интеграција на државата,…

August 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест во Скопје, граѓаните се борат за поголема безбедност на улиците

Во Скопје, пред Зоолошката градина, денес се одржа протест за подигање на свеста за безбедноста на улиците. Граѓаните, со јасна…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Златко Перински именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница го именува Златко Перински за вршител на должноста директор на…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови,…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?