Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН преку национална кампања ќе ја крева јавната свест во општеството за важноста на наставниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН преку национална кампања ќе ја крева јавната свест во општеството за важноста на наставниците
МАКЕДОНИЈА

МОН преку национална кампања ќе ја крева јавната свест во општеството за важноста на наставниците

Објавено October 5, 2025 16:11
Сподели
Сподели

На светскиот ден на наставниците ресорното министерство во земјава преку национална кампања ќе ја крева јавната свест за важноста и значењето на наставниците во општеството.

Целта како што велат е да се посочи дека тие се важна алка во образовниот систем, а кампањата ќе ја спроведуваат преку социјални мрежи, дебати и панел дискусии. Сепак, министерката за образование вели дека е свесна за предизвиците, и за проблемите кои ги оцени како системски.

-Големи се предизвиците со коишто се соочуваат наставниците ако учениците ни се меѓу последните на ПИСА, факултетот не ни е ни меѓу илјадите, нели најголемиот, УКИМ на Шангајската листа. Ние имаме системски проблем и треба и системски да го решаваме. Владата презема бројни активности, почнувајќи од нивниот социјален статус, со покачување на нивните плати, Весна Јаневска.

Јаневска повтори и дека министерството вложува напори да го врати УКИМ на Шангајската листа. По изборите, вели дека на сила ќе стапат измените во Законот за високото образование со што очекува да се зголемат и критериумите за избор на професорите.

-Многу преземаме и претпоставувам дека веќе и е познато на јавноста. Прво би рекла дека веднаш после изборите го стартуваме новиот закон за високо образование и научно-истражувачка дејност и квалитет во високото образование кои значајно ќе ги поткренат критериумите за избор на наставниците,- – Весна Јаневска.

На УКИМ инаку, годинава се запишале 5.100 студенти што е за 300 повеќе од лани, а запишани се и 400 странски студенти. Универзитетот минатото година се наоѓаше на листата 2.000 најдобри светски универзитети на 1.990 место, а годинава веќе не е дел ниту од таа листа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Драма на Бит Пазар: Скопјанец уапсен откако ја нападнал партнерката и го зел тримесечното бебе
Следна Статија Ѓоковиќ се мачеше но успеа да го победи Ханфман во Шангај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Актерот Јовановски за журката на Заев и Филипче: Додека браќата од 27 ми, се’ уште се во затвор, некои Богами си се веселат

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра! Ееј жална…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за проневера во службата. Според…

October 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уапсен Ратко Капушевски

Попладнево е уапсен бизнисменот и поранешен директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски“, објавија повеќе медиуми. Според неофицијални информации,…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?