Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН: Студентските домови етапно се реконструираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН: Студентските домови етапно се реконструираат
МАКЕДОНИЈА

МОН: Студентските домови етапно се реконструираат

Објавено July 17, 2025 16:40
Сподели
Сподели

Загрижува односот на политичката партија СДСМ, која денес организираше прес конференција за да изрази загриженост дека реконструкцијата на двата студентски дома во Скопје – „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ наместо во октомври, ќе заврши во декември годинава! Тоа е истата политичка партија која ја предводеше Владата во чие време се сменија дури четири министри за образование и ниту еден не успеа да ја започне реконструкцијата на студентските домови.

Овој процес започна минатата година и се интензивираше од страна на актуелното раководство на Министерството за образование и наука. Како што и во неколку наврати беше соопштено, двата посочени дома ќе бидат целосно обновени до крајот на календарската година и достапни за сместување студенти во вториот семестар од академската 2025-2026 година.

Во меѓувреме, буџетот за оваа крупна инфраструктурна активност е зголемен за 5,5 милиони евра. Обезбеден е неповратен грант од Европската унија за кој министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска пред неколку дена потпиша договор.

Младите да бидат спокојни. Лажните вести и политички конструкции не треба да ги демотивираат да продолжат да вложуваат во своето знаење, а Министерството за образование и наука ќе продолжи да ги поддржува и да го подобрува студентскиот стандард.

Потсетуваме дека во изминатата една година прифатени се десетина барања на студентските организации и здруженија. Овозможено е продолжување на продолжи бесплатниот превоз, со тоа што по три години откако претходната Влада не обезбедуваше пари, префрлени се 120 милиони денари на ЈСП Скопје. Проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк и од април 2025 година повеќе работниот статус не е услов за студентите да го остварат правото, така што субвенциониран студентски оброк користат и редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и постдипломците.

Олеснети се критериумите за искористување на стипендиите за студентите запишани на студиски програми за наставен кадар. За стипендиите за втор циклус на студии во државата, овозможено е да аплицираат студенти со завршени тригодишни додипломски студии, кои порано беа дискриминирани. Дигитализирани се постапките за остварување на правото на стипендија и повеќе не се доставуваат хартиени договори и решенија. Конечно, буџетот за студентски стандард годинава е поголем за 18% споредбено со ланскиот.

Наместо да молчат, оние кои ги иселија младите од Македонија деновиве се најгласни дека сакаат да направат нешто за нив. За 7 години бројот на ученици е намален за 17 илјади, а на студентите за 7 илјади, што е резултат на лоши политики не само во образованието, туку генерално политики поврзани со младите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 23-годишна скопјанка претепана од партнерот и свекрвата
Следна Статија Малолетник тешко повреден: Управувал мотор без таблички, се судрил со автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е трет ден Велигден, најсреќниот вторник во годината

Денеска е Воскресение Христово – Трет ден. Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гужва на Табановце, еве колку се чека за влез во Македонија

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата. Времето на чекање е околу 40…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таксист среде Скопје насилно им зел пари на брачен пар од Австралија

На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и…

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?