Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира
СВЕТ

Моторен чамец превезувал 2, 4 тони кокаин кај Мадеира

Објавено October 21, 2025 19:55
Сподели
Сподели

Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од обвинителството во Брест, во кое се наведува дека во операцијата барала употребена сила врз шверцерите.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 128 милиони евра.

Операцијата е спроведена во координација со САД и Велика Британија.

Весникот „Паризиен“ објави дека фрегата на француската морнарица отворила оган за да ги онеспособи моторите на бродот откако нејзиниот екипаж ги игнорирал повиците за запирање.

Цивилните и воените власти во Португалија и Шпанија, исто така, учествувале во запирањето на бродот.

На фрегатата за време на операцијата ѝ помогнале хеликоптер на француската морнарица и авион на царината.

Откритието се смета за дел од растечкиот тренд на увоз на големи количества кокаин во Европа од Јужна Америка преку Шпанија, Португалија и Франција.

Француските медиуми сè повеќе зборуваат за таканареченото „бело цунами“, осврнувајќи се на зголемените пратки на дрога, забележува ДПА.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити
Следна Статија Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Само 14 години имала најмладата идентификувана жртва во пожарот во Кран-Монтана

Швајцарските експерти досега идентификуваа 24 од 40-те лица кои загинаа во пожарот во барот за време на Нова година во…

January 4, 2026
ХРОНИКА

Уапсен скопјанец, дома имал кокаин за продажба

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера вечерта направиле рација во домот на 43-годишниот скопјанец Т.Б.…

March 14, 2026
СВЕТ

Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините

Се заврши не со страшен тресок, туку со тоа што американскиот претседател Доналд Трамп и двајца главни помошници напишаа објава…

April 11, 2025
СВЕТ

(Видео) Руски и украински тенкови директно се судрија

Битка меѓу руски и украински тенк се случи во близина Покровск. Колона руски оклопни возила, составена од еден тенк и…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?