Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Мој термин“ отсега со верификација на телефонски број
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Мој термин“ отсега со верификација на телефонски број
ЗДРАВЈЕ

„Мој термин“ отсега со верификација на телефонски број

Објавено February 26, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот „Мој термин“ е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број.

Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем, информираат попладнево од Министерството за здравство.

Во моментов, процесот сè уште не е задолжителен. Но, во наредниот период ќе стане обврска при посета кај матичниот лекар. Сепак, системот предвидува исклучоци во одредени случаи.

Кога станува збор за итни медицински случаи – внесување во системот без верификација.

Децата и изнемоштените лица можат да бидат верификувани преку друго лице – еден телефонски број за повеќе пациенти.

Корисниците на мобилната апликација „Мое здравје“ можат самостојно да ја завршат верификацијата, без вклучување на матичниот лекар.

Важно е да се нагласи дека верификацијата се прави еднократно, што значи дека пациентите треба да го потврдат својот телефонски број само при првиот преглед.

Оваа промена се базира на анализи што покажаа дека значителен број пациенти не се појавуваат на закажаните термини поради неажурирани телефонски броеви.

На пример, повеќе од 50 проценти од пациентките со закажани прегледи за дојка не се појавиле, со што биле изгубени термини што можеле да бидат искористени за други пациенти, појаснуваат од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека заедно со Управата за електронско здравство остануваат посветени на подобрување на пристапот до здравствените услуги, како и зголемување на ефикасноста на системот.

Притоа, како што истакнуваат, сите чекори ќе бидат преземени со соодветна адаптација и исклучоци за категориите пациенти на кои тоа им е потребно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведок: Со Палевски преку таен канал на Телеграм разговаравме за набавка на ирански дронови, добро владее со ИТ секторот
Следна Статија Романската полиција го приведе претседателскиот проруски кандидат, фаворит на изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје. Пријавени се…

November 9, 2024
ЗДРАВЈЕ

Збогувајте се со имплантите и пломбите, група научници поттикна раст на заб во лабораториски услови

Сегашните решенија за промена на забите се инванзивни и честопати не успеваат целосно да ја обноват природната форма и функција…

July 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

На повеќе од 100 медицински сестри на државно ниво вчера им истече договорот за работа

Над 100 медицински сестри од кои 56 само во Прилеп од вчера останаа без договори за вработување. Иако без договори,…

February 4, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?