Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МРТ ќе го расчистува скандалот со детската песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МРТ ќе го расчистува скандалот со детската песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2
МАКЕДОНИЈА

МРТ ќе го расчистува скандалот со детската песна за „Голема Албанија“ емитувана на МТВ 2

Објавено April 1, 2026 11:00
Сподели
Сподели

Скандалот со емитувањето на детска песна на МРТ2 на албански јазик, во која се воспева „Голема Албанија“, како и одговорноста за него, ќе бидат тема на седница на Програмскиот совет на МРТ закажана за утре.

Во рамки на детска фестивалска програма емитувана на 28 март, беше прикажан настап на 13-годишно девојче кое ја изведе песната „Trojet shqiptare“. Содржината на песната и симболите (мапа на „Голема Албанија“) употребени за време на изведбата предизвикаа бурни реакции во јавноста.

Според стиховите од песната, отворено се пееше за територијални претензии он Македонија, кон Грција, кон Србија, кон Црна Гора… „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, „ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“… беа дел од стиховите со јасна порака за обединување на албанските територии.

Претходно директорот Марјан Цветковски посочи дека се утврдува како ваква содржина поминала низ програмските филтри и кој дал зелено светло за нејзино емитување.

Според интерни информации од телевизијата, во тој период уредничката на вториот канал била отсутна поради боледување, така што треба да се утврди кој ја презел одговорноста за финалната селекција на програмата и одлуката да се емитува таква содржина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дај 5000 евра или ќе објавам фотографии: Кумановка уценувала сопственик на угостителски објект
Следна Статија Пад на цената на нафтата под 100 долари по сигналите за деескалација на Блискиот Исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,7 степени предмалку е регистриран во тетовскиот регион. Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска

Компанија регистрирана за изградба на станбени и деловни објекти, формирана од децата на пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Во емисијата 24 Анализа на истоимената телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во српската амбасада во Скопје отворена Книга на жалост за несреќата во Нови Сад

Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на ул. „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена…

November 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?