Али Ахмети се уште живее во времето пред повеќе од 20 години. Вака министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ одговара на условите на ДУИ за внесување на бадентеровиот начин на гласање при изборот на Влада но и при носењето на одлуки во Уставниот суд.
Токму овие услови ДУИ ги постави како клучни за нивно учество во некоја идна влада. Партискиот лидер Ахмети по поразот на локалните избори ја задржа челната позиција во партијата па со последните промени направени викендов почна да ги гради како што тој самиот најави новите позиции на партијата.
Но во ВМРО-ДПМНЕ се на ставот дека овие политики не се прифатливи. Партискиот потпретседател во 360 степени вели дека со ваквиот пристап на Ахмети, неговата партија уште долго ќе биде во опозиција.